1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонскиот државен врв останува на своите позиции во спорот за името

Александар Чомовски 26 март 2008

Македонскиот премиер Никола Груевски ја потврди најавата на министерот Антонио Милошоски дека е можен прекин на преговорите со Грција, ако Атина ја оствари заканата за блокирање на приемот на Македонија во НАТО.

https://p.dw.com/p/DUmj
Шефер со Црвенковски и Груевски во Охрид (фотоархива)Фотографија: MIA

Во клучните мигови од њујоршките преговори за името, владиниот тандем Груевски и Милошоски вчера беа песимисти во однос на тоа дека ќе се најде решение за проблемот со Грција. Премиерот Груевски не го исклучува ветото, а министерот за надворешни работи Милошоски оцени дека се мали шансите да се најде договор со Грција.

Ако има вето преговорите веројатно ќе се прекинат

Изјавите на премиерот и министерот беа остро интонирани; по заканите за вето од страна на Грција, можен е прекин на преговорите и влошување на осносите меѓу Атина и Скопје, изјави премиерот Груевски во присуство на премиерот на Естонија Андрус Ансип, земја членка на НАТО „Инаку сосема е веројатно дека доколу се случи вето, понатамошните разговори за надминување на прашањето поврзано со името, ќе бидат западнати во толку длабока криза, што веројатно ќе бидат прекинати. Ветото ќе создаде силни фрустрации кај македонските граѓани и ќе има долгорочни негативини последици на односите меѓу двете држави.“

Нема промена на Уставот

Премиерот Груевски не е подготвен да отстапи ако името значи и менување на националниот идентитет. Во ист ден синоќа и пртседателот Бранко Црвенковски, во интервју за телевизијата Канал 5 со идентична порака до македонската јавност „Правиме се’, нашата позиција е да не дојде до никаква промена на уставот, што значи да не дојде до никава промена на уставното име. Втора работа е да се најде начин, да се зацементира еднаш и засекогаш македонскиот национален идентитет во делот на именувањето на јазикот и националноста.“

Претседателот Црвенковски појасни дека дел од пакетот на Нимиц за името би требало да биде и прифатливо во ОН, да се официјализираат атрибутите македонски во графата јазик и Македонци во графата население.