1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија под лупа на ЕУ

Горан Петрески 3 јули 2008

Европската унија интензивно набљудуба колку во Македонија се почитуваат човековите права. Мета за критика и овојпат е состојбата во затворите.

https://p.dw.com/p/EVFI
СкопјеФотографија: AP

Европа интензивно ја набљудува состојбата со човековите права во Македонија. По минатонеделната посета на францускиот омбутсман, деновиве во контрола во Македонија е комитетот за заштита од тортура при Советот на Европа. Една од најкритикуваните институции во Македонија се затворите. Македонското министерство за правда долго време најавува реформи, но состојбата на терен е катастрофална.