1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Кусо, но тешко невреме во Романија

ЕМФ /агенции
18 септември 2017

Во тешкото невреме кое вчера ја зафати западна Романија, загинаа најмалку 8 лица.

https://p.dw.com/p/2kALN
Rumänien heftige Unwetter um Timisoara
Фотографија: picture alliance/AP/C. Putan

Бројот на повредени во невремето, според различни медиумски извештаи, се движи меѓу 60 и 80. Во регионот на Темишвар ветрот корнеше дрвја, нанесе големи штети на објектите и превртуваше автомобили.

„Да, беше многу лошо. Бурата го корнеше покривот, беше навистина лошо“, вели една жена, а друг жител во ргеионот објаснува: „Тешката бура го урна покривот. Собори сѐ за, да речеме, помалку од 10-15 минути.“

Во многу места беше прекинато снабдувањето со електрична енергија, а прекини имаше и на железничкиот сообраќај.

„Ветрот собори сѐ за 10 минути“