1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвави напади на ИД за време на Рамазан Бајрам

БГ6 јули 2016

Големиот муслимански празник се прославува ширум светот. Годинава мина во сенка на нападите на т.н. „Исламска држава“ врз повеќе цели, вклучително и во срцето на исламот - во Медина.

https://p.dw.com/p/1JJqr
Saudi-Arabien, Selbstmordanschlag in Medina
Фотографија: picture-alliance/dpa/Saudi Press Agency

Ширум светот, рамазанскиот месец годинава мина во сенка на нападите на т.н. „Исламска држава“ врз повеќе цели. Околу 350 луѓе загинаа за време на светскиот муслимански месец. Крвавата серија започна со нападите врз геј клубот во Орландо, САД, на 12 јуни, каде загинаа 49 луѓе, а продолжи со нападите на аеродромот во Истанбул, кој однесе 44 животи, нападот во Бангладеш, каде загинаа 20 луѓе, и конечно нападот и во срцето на исламот - во Медина.

Нападите ги потврдија тврдењата на некои експерти дека „Исламската држава“ може да метастазира, особено откако се најде во дефанзива на територијата која претходно ја освои.

Откако го загуби клучниот град Фалуџа во Ирак деновиве, терористичката група се обидува да се прикаже како силна во истовреме оттргнувајќи го вниманието од понижувањата на бојните полиња во Ирак и Сирија.

„ИД води битка за преживување“, вели Фаваз Гергес, истражувач на џихадистички групи од Лондон. „Иднината на Исламската држава е на коцка, и таа се обидува да ја максимизира штетата на нејзините непријатели и се обидува да инспирира одреден сегмент меѓу младите мажи и жени кои ја прифаќаат нејзината идеологија“, вели Гергес.

Рамазан на милитантите им понуди одлична платформа за испраќање на таква порака. Иако повеќето муслимани го сметаат Рамазан како време за молитва и простување, милитантите и радикалните свештеници го прогласија месецот за време на победа во џихад, или света војна.

Верниците во Македонија го прославија завршувањето на рамазанскиот пост со утринска молитва и со вкусна баклава на трпезите.

Муслиманите го прославија Рамазан Бајрам