1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Крај на заложничката драма во Франција

ЖА / агенции
23 март 2018

Специјална единица на полицијата го убила киднаперот кој држеше заложници во супермаркет и уби три лица во гратчето Треб. Нападот е веројатно терористички акт, грабнувачот се декларирал како џихадист.

https://p.dw.com/p/2url4
Frankreich Geiselnahme in Trèbes bei Carcassonne
Фотографија: picture-alliance/dpa/Google

Заложничката драма во еден супермаркет во гратчето Треб  во југозападна Франција е завршена, специјалци упаднале и го убиле киднаперот, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб преку Твитер. Француската новинска агенција АФП, повикувајќи се на извори од истрагата, јави дека последниот заложник, полицаец, е ранет. Претходно киднаперот убил три лица, патник во автомобил кој го украл и две лица во супермаркетот.

USA Kalifornien Yountville Geiselnahme in Veteranen-Heim
Во Треб беше во акција специјална антитерористичка единицаФотографија: picture-alliance/Zumapress/J.L. Sousa

Заложничката криза во малото гратче Треб кај Каркасон почна денеска претпладнето, а полицијата претпоставува дека станува збор за терористички чин. Киднаперот се декларирал како припадник на терористичката милиција Исламска држава. Медиумите тврдат дека тој е идентификуван, радио Франс инфо објави дека тој им бил познат на тајните служби и бил опфатен во Датотеката за борба против тероризмот и радикализација. Наводно, станува збор за Мароканец на возраст помеѓу 30 и 40 години.