1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Кражбата на податоци од Јаху поголема отколку што се мислеше

ЕМФ / дв
4 октомври 2017

Хакерскиот напад врз Јаху во 2013 година бил многу поголем отколку што досега се мислеше. По спроведената детална истрага, сознанијата се вџашувачки.

https://p.dw.com/p/2lCGZ
Logo Yahoo!
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Nelson

По преземањето на Јаху (Yahoo) од страна на американскиот телекомуникациски концерн Веризон (Verizon) во јуни 2017 година, спроведена е уште една детална истрага за сајбер-нападот од 2013 година. Во истрагата биле вклучени и експерти за криминал. Притоа се дошло до заклучок дека биле погодени сите три милијарди кориснички профили. Во декември минатата година Јаху соопшти дека бројот на погодени профили изнесува повеќе од една милијарда.

Сите корисници се информирани со имејл порака, тврди Веризон. Хакерите, како што се вели, не украле лозинки или податоци за банкарски сметки или кредитни картички. Освен тоа, голем дел од трите милијарди кориснички профили биле или отворени кратко време или воопшто не биле користени. Концернот, меѓутоа, и натаму продолжува да соработува со органите за кривично гонење.

Screenshot Yahoo Mail Warnung Hackerangriff
Фотографија: Yahoo

Јаху минатата година прво призна дека бил извршен хакерски напад во 2014 година, од кој биле погодени 500 милиони корисници. Непосредно потоа беше обелоденето дека имало уште поголем напад во 2013 година. Откритијата доведоа до пад на цената на Јаху за 350 милиони долари. Веризон за Јаху плати 4,5 милијарди долари.

Американските власти претпоставуваат дека руски тајни агенти им дале задача на двајца хакери да го нападнат Јаху во периодот од 2014 до 2016 година. Едниот од хакерите, како што се вели, е најверојатно 22-годишниот Карим Баратов, кој во меѓувреме е уапсен во Канада.