1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

161211 Wulff Immobilien-Kredit

17 декември 2011

Германскиот претседател Кристијан Вулф повторно е конфронтиран со непријатни тврдења околу приватниот кредит. Според неделникот „Шпигел“, спорниот кредит за недвижнини Вулф го добил од претприемачот Гееркенс.

https://p.dw.com/p/13Uhm
Кристијан Вулф, претседател на ГерманијаФотографија: dapd

Еден ден откако германскиот претседател Кристијан Вулф јавно се извини поради скандалот со приватниот кредит, кој предизвика жестоки критики во јавноста во земјата, се појавија нови конфронтирачки детали во оваа афера.

„Погрешив што не го пријавив овој приватен заем, бидејќи и онака немав што да кријам“, изјави Вулф и најави дека ќе ги стави на увид на јавноста сите податоци околу заемот во висина од околу 500.000 евра. Според информаци на неделникот „Шпигел“, меѓутоа, спорниот кредит за недвижнини, претседателот Вулф го добил од неговиот пријател, претприемачот Егон Гееркенс. Гееркенс за неделникот изјавил дека лично ги водел преговорите со претседателот Вулф за кредитот, кој во тоа време ја извршуваше функцијата покраински премиер на Долна Саксонија. Исплатата на заемот била извршена преку банкарска сметка на сопругата на претприемачот, Едит, меѓутоа тој имал полномошно за таа сметка. Адвокатите на претседателот Кристијан Вулф во соопштение ги демантираа информациите на весникот. Претседателот останува на изјавата дека кредитот го склучил со сопругата на претприемачот, Едит Гееркенс и сите исплати биле извршени на нејзината сметка.

Egon Geerkens Unternehmer
Егон Гееркенс, претприемачФотографија: picture alliance/dpa

Штефан Шосток, шеф на пратеничката група на СПД во парламентот на Долна Саксонија, изјави дека доколку претседателот сакајќи што попрецизно да одговори, се утврди дека сепак не ја кажал целата вистина, тогаш кај многумина ќе се појави запрепастеност. Штефан Венцел пак, шеф на пратеничката група на Зелените во покраинскиот парламент во Хановер изјави дека се очекуваат целосни одговори и целата вистина за случајот.

Автор: АТ/ ЖА/дв

Редактор: Ж. Ацеска