1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовскиот Албанец го призна убиството во Франкфурт

31 август 2011

Арид Ука, косовски Албанец, призна пред германски суд убиство на двајца американски војници на аеродромот во Франкфурт пред половина година. Тој тврди дека немал контакти со терористи.

https://p.dw.com/p/12QkM
Фотографија: dapd

Косовскиот Албанец Арид Ука призна денеска пред Вишиот покраински суд во Франкфурт на Мајна дека убил двајца војници на САД на аеродромот во Франкфурт.  Против него се подигнати обвиненија за убиства на двајцата војници на 2 март оваа година.

Во изјава пред судот, 21-годишниот Арид Ука рече дека врз него влијаела радикална исламска пропаганда од интернет. Ука образложи дека во месеците пред убиството станувал се повеќе осамен, голем дел од денот минувал дома, играл компјутерски игри и гледал исламистичка пропаганда на интернет. Пред судот изјави дека не може да си објасни зошто ги извршил убиствата и како стигнал „толку далеку“. Арид Ука заминал на аеродромот вооружен со пиштол, муниција и два ножа. Ука на аеродромот во Франкфурт влегол во автобус со американски маринци и започнал да пука, при што смртно застрелал двајца американски војници и тешко повредил уште двајца. При обидот да пука во петтиот војник пиштолот му се закочил, со што биле спречени повеќе жртви. Овој атентат важи за прв смртоносен напад со исламистичка заднина во Германија. Германските власти меѓутоа, сметаат дека Арид Ука не дејствувал сам и немал контакти со терористички организации.

Автор: ЖА/БГ/дпа/миа

Редактор: Борис Георгиевски