1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не е лесно „крупните риби“ да се изведат пред суд

20 јуни 2018

Најскапата мисија на ЕУ е завршена. Од 15 јуни Косово само мора да се грижи за судската власт. Заменикот шеф на мисијата на Еулекс, Германецот Бернд Тран во интервју за ДВ сведува биланс на мисијата.

https://p.dw.com/p/2zpIk
Plaket in Pristina gegen die Eulex Mission im Kosovo
Фотографија: DW/B. Shehu

ДВ: За Еулекс започнува нова ера, од 15 јуни мисијата на ЕУ има нов мандат. Кога станува збор за билансот по 10 години, мислењата се поделени, делумно дури и негативни. Заклучокот на критичарите е следниов: „ништо освен трошоци“. каков е Вашиот биланс?

Бернд Тран: Билансот е всушност позитивен- се разбира, зависи од кој агол гледате. Ако гледате од аголот на Косовците, од една страна би можел да биде негативен. Од друга страна, може да биде многу позитивен, ако се земе предвид дека државата Косово започна да постои пред 10 години и оти тукуречи се тргна од нула. Така беше и со мисијата Еулекс. Тоа беше најголема мисија која ЕУ некогаш ја создала и првпат една мисија да опфаќа и судски мандат.

Но токму кога станува збор за тој мандат сега се оценува дека е спроведено релативно малку. Некои лица се за волја на вистината идентификувани, се знае за што се товарат, но сторено е премалку...

Да, но притоа треба да имаме предвид дека станува збор за мисија чија цел беше воспоставување на владеењето на правото. И кај нас во Германија има случаи, да се покренат обвиненија, и на крајот да бидат изречени ослободителни пресуди. Според што сакаме да го мериме успехот? Дали станува збор за тоа некој да мора да биде осуден, да мора да биде виновен или станува збор за тоа да се изгради систем заснован на владеењето на правото?

Повеќе: 

-Крај на ЕУЛЕКС: Добра идеја, лоша реализација

-На Косово нема многу причини за славје

-Сокриени пред очите на јавноста – заштитените сведоци на Косово

Вистинскиот проблем на мисијата беше: како да делуваме комуникативно? Во тоа време постојано се говореше за „крупни риби“, кои Еулекс требаше да ги фати за да ги осуди. Такви барања беа изнесени пред Еулекс и тие дојдоа од надвор. Но во тоа опкружување не беше лесно „крупните риби“ да се изведат пред суд. Сето зависи од тоа дали се пронајдени сведоци, дали постојат докази, кои ќе бидат доволни за осудувачка пресуда.

Europanorama Mazedonisch 70. Sendung DW TV
Фотографија: DW

Дали тогаш требаше да продолжи мандатот, за тие работи да бидат завршени и за да се дојде до „крупните риби“?

Централното прашање би требало да гласи, што уште можеме да сториме на Косово доколку го задржиме мандатот онаков каков што беше или ако го измениме? 10 години имавме мандат и нашите судии, обвинители и полицијаци, завршија навистина добра работа. Во областа на кривичното право изречени се 479 пресуди, поврзани со корупција, организиран криминал, перење пари и воени злосторства. Во областа на граѓанското право станува збор за 42 илјади случаи. Значи кога е во прашање судската власт, мисијата даде резултати, и тоа едноставно би требало да се гледа на тој начин. Но сега дојдовме до точка кога едноставно повеќе задачи мораме да им предадеме на локалните власти. Тоа значи дека локалното судство сега мора да ги решава случаите и да ги приведе кон крај.

Дали мислите дека локалното судство и органите на судската власт на Косово се во состојба тоа да го сторат професионални и независно?

Тие ќе се најдат во позиција да мора да го сторат тоа. Порано, кога стануваше збор за тешки случаи, органите на судската власт секогаш укажуваат на тоа дека случајот го преземал Еулекс, и оти за нив е премногу опасно и не би се занимавале со тоа. Кога нешто ќе беше тешко, секогаш одговорен беше Еулекс, а не локалното судство. Сметаме дека сега дојдовме до точка кога треба да престанеме да ја извршуваме работата наместо Косовците. И затоа сега повеќе работа ќе дојде во косовски раце, а ние притоа, се разбира и натаму ќе пружаме голема поддршка.

Soldaten der EULEX im Kosovo
Фотографија: AFP/Getty Images

Можете ли да изнесете неколку податоци, како ќе изгледа идната мисија и колкава е нејзината временска рамка?

Во минатата недела од земјите членки на ЕУ добивме мандат од 15 јуни годинава до 14 јуни 2020 година, значи нов двогодишен мандат. За првпат мисијата ќе биде во целост изменета. Сосема се повлекуваме од судските власти, повеќе нема да ангажираме наши судии, обвинители и полиција, нема да работиме на случаи, ниту пак ќе прифаќаме нови. Ќе имаме мандат да им помогнеме на косовските институции во сѐ што работат. Ќе ги советуваме во областа на кривичното право, бидејќи тука се воочени големи пропусти.