1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компјутерски црв го нагризува Г20

1 април 2009

На денот на отворањето на самитот на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот - Г20 се очекува моќен напад на вирус врз компјутери, кои го користат системот „Виндоус“ на „Мајкрософт“.

https://p.dw.com/p/HO6F
Конфикр ги „нападна“ и компјутерите на британскиот парламентФотографија: dpa

Експертите предупредуваат дека извор на заразата е програмскиот црв Конфикр, кој изминатите месеци зарази повеќе од три милиони компјутери и сервери во светот.

Меѓу „жртвите“ на Конфикр се електронски системи на бродови на британските воено-поморски сили и компјутери во долниот дом на британскиот парламент.

Ефектот од дејствување на Конфикр најверојатно ќе се почувствува по исклучително побавниот обем на податоци на Интернет.

„Мајкрософт“ првенствено им ја предложи на своите клиенти програмата „закрпување“, која го корегира дефектот во пребарувачот „Интернет експлорер“, што Конфикр го користи за проникнување во компјутерските системи. Сепак, пристап до подобрената верзија на Интернет експлорерот имаат само лицата со оригинална верзија на „Виндоус“.

Symbolbild Computervirus befällt Bundeswehrrechner
250 илјади долари награда за откривање на творците на КонфикрФотографија: picture-alliance / dpa / DW Montage

Најподложни се пиратските верзии на „Виндоус“

Креаторите на вирусот јавно нагласија дека поради големиот број пиратски верзии на оперативниот систем на „Мајкрософт“ во светот ќе има голем број „ранливи“ компјутери.

„Мајкросфот“ веќе им предложи на своите клиенти бесплатни верзии на „Виндоус“, во кој е отстранет дефектот во Интернет експлорерот, што го користи Конфикр. Компанијата предложи и награда од 250 илјади долари за откривање на авторите на вирусот.

„Мајкрософт“ препорачува да не се отвoраат фајлови, прикачени кон пораки кои се добиени од непознати адреси.


Автор: ТТ/МИА

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска