1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Европа ѝ треба стабилна Италија

Бернд Ригерт Превод: Александра Трајковска 14 февруари 2014

Уште тоа ѝ фалеше на Европа: Кратко пред изборите за ЕУ парламентот со принудената оставка на премиерот Лета Италија запаѓа во хаос. Кризата со еврото би можела да се врати, смета Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/1B8MQ

Владината криза во Италија ја засега еврозоната и цела Европа. При разрешувањето на досегашниот премиер Енрико Лета не станува збор, како што ни е познато од порано во Италија, за политички фоклор, туку за засек, кој сериозно би можело да ја попречи борбата против економската криза во Европа.

По само девет месеци на функција поддржувачот на Европа, Лета мора да си замине. Трагичното е што тој се сопна на амбициите на неговиот млад внатрепартиски ривал Матео Ренци. Отпорот на пенентрантниот конзервативен интригант Силвио Берлускони го скрши Лета по повеќемесечна политичка ситна војна. Берлускони во 2013. година ја загуби функцијата и влијанието, бидејќи беше правосилно осуден и беше исфрлен од Сенатот. Но, за тоа Лета не можеше долго да се радува. Во декември го загуби претседателското место кај Социјалдемократите на сметка на Ренци, а сега најверојатно ќе ја загуби и функцијата премиер.

На европско ниво Енрико Лета беше ценет од остaнатите шефови на држави или влади поради неговата смиреност и присебност. На Италија и помогна по парламентарните избори без јасен резултат во февруари 2013 година да формира владејачка голема коалиција, во која до ноeмври учествуваше и партијата на Берлускони. Големи реформи Лета неможеше да спроведе, но според гледиштето на ЕУ комисијата имаше неколку светли моменти во економскиот развој. Трошоците за финансирање на италијанските претерани државни долгови останаа во подносливи рамки. Оваа релативна стабилност, која среде економската криза беше добра и важна за Италија, сега е загубена. Соодветно нервозно ќе реагираат финансиските пазари и можните купувачи на италијански државни обврзници.

Дали ќе се врати евро-кризата?

Заканата од "Il spread", ризикот за италијанските должнички хартии, би можела да се врати. Опасноста од државен банркот на Италија повторно би била на дофат, еврокризата би можела да избие повторно. Европската унија би морала да направи сѐ, да ја минимира загриженоста за Италија. Оти, доколку Италија повторно би западнала во хаос ако дојде до долга владина криза, која во сегашната ситуација е можна, и има потреба од европските спасувачки чадори, тогаш добриот совет би бил скап. Италија е "too big to fail", значи преголема за да се дозволи да банкротира. Нејзините државни долгови пак се толку високи, што би можеле да ги преоптоварат финансиското санирање на еврозоната и спасувачкиот фонд ЕСМ.

Матео Ренци, кој како градоначалник на Фиренца нема искуство во влада на национално ниво, најави построги реформи. Неконвенционалниот социјалдемократ се советуваше дури и со Силвио Берлускони за неопходната реформа на изборното право.

Меѓутоа најпрво Ренци мора да органiзира владејачко мнозинство во двата дома на Парламентот. Тоа ќе биде многу тешко, оти досегашниот коалиционен партнер на социјалдемократите, министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано, веќе се изјасни за нови избори. Алфано во ноември со неколку приврзаници од таборот на Берлускони се отцепи, откако тој се повлече од големата коалиција со Лета.

Италијански игри за превласт со отворен исход

Ренци би можел да се обиде да направи пакт со движењето „Пет ѕвезди“ на комичарот Бепе Грило, кој пред една година освои речиси 30 проценти од гласовите. Грило досега одбиваше секаква соработка со другите партии. Тој протестира против, според негово мислење Европска унија доминирана од Германија. Претседателот на државата Џорџо Наполитано оцени дека нови избори би биле смешни во времиња на длабока економска криза. Наполитано би можел да постави „експертска влада“ за извесен преоден период.

Политичарите во Италија најверојаtно сега со недели и месеци ќе бидат окупирани со самите себеси. Но, на големиот број невработени и мали претpријатија, кои се борат економски да преживеат, тоа не им носи ништо. Како вентил за насобраната фрустрација најверојано ќе послужат изборите за Европскиот парламент на крајот на мај. „Грилини“ приврзаниците на евроскептичното протестно движење би можеле да добијат поддршка во неочекувани размери. Политичката криза би се зајакнала и би довела фактички до неможност за владење со Италија. ЕУ сега може само да се надева дека нема да дојде дотаму.

Силвио Берлускони, човекот кој вечно ги влече конците кај конзервативците, би можел да се погрижи за изнандување. Со правни трикови тој сакаше да се кандидира за Европскиот парламент. Можеби сега ќе најде пат уште еднаш да се обиде на национално ниво. За Берлускони новиот политички хаос во Италија е подарок, за Европа кошмар.