1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога ќе се подобрат односите меѓу Бугарите и Македонците?

Николај Цеков / Александар Методијев6 февруари 2013

Во односите меѓу Бугарија и Македонија се чини како постојано да е зима. Дел од бугарските интелектуалци гледаат премногу проблеми во меѓудржавните односи, за нешто брзо да се промени. Каде грешат Бугарија и Македонија?

https://p.dw.com/p/17YUm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во јануари 1992 година Бугарија ја призна Македонија како независна држава, но не и како самостојна нација. Чудната формулација на тогашниот претседател Жељу Желев повеќе од 20 години раѓа тензии во бугарско-македонските односи.

„Бугарија требаше да го каже само првиот дел од реченицата со која го призна новиот западен сосед", забележува шефот на новинската агенција „Фокус" Красимир Узунов.

Во основата на недоразбирањето меѓу Софија и Скопје се крие акцентирањето на спротивставените политики на „идентитетите“ во двете балкански држави. Експертите, кои го следат развојот на билатералните односи, се согласуваат дека Бугарија и Македонија би требало да се занимаваат повеќе со реалните проблеми - со општата неразвиеност, недостигот од билатерални економски проекти, како и недостигот на железничка пруга и автопат меѓу двете земји.

Исчезнатите партнери во дијалогот

Иницијативата за обновување на бугарско-македонскиот дијалог на сите нивоа е охрабрувачка, но таа е лишена од елементарна политичка логистика, сметаат експертите.

„Знае ли некој кои македонски и бугарски партии можат да соработуваат меѓу себе? Што е аналогното на ГЕРБ во Скопје или на ВМРО-ДПМЕ во Софија? Зошто премиерите Никола Груевски и Бојко Борисов, како и нивните министри, не зборуваат очи в очи, а на европските и другите високи меѓународни средби гледаат максимално да се оддалечат еден од друг?“, прашуваат експерт за национална безбедност професор Николај Слатински и Аспарух Панов, од софиската канцеларија на германската фондација „Фридрих Науман“.

„Во Скопје можат да си прават што си сакаат, но ние не можеме да си дозволиме да се подбиваат со бугарската историја. А, таму се случува токму тоа! Додека посетував курс по славистика во Келн сфатив дека Германците го дефинираат македонскиот јазик како ’старобугарски’. Бугарската влада и Бугарската академија на науките треба да заземаат категорична позиција спрема обидите на Скопје да присвојува бугарска историја и бугарско културно и книжевно наследство. Таквото посегнување не се толерира! Тоа е форма на агресија“, категоричен е американскиот политички аналитичар од бугарско потекло Алекс Алексиев, кој бил советник во владата на Филип Димитров, која ја призна Македонија.

Неговата прогноза за развојот на југозападниот сосед на Бугарија е повеќе од мрачна. Во моментов само во една четвртина од македонските општини - тие на границата со Бугарија - нема албанско малцинство, вели Алексиев, кој смета и дека земјата е под закана од исламски фундаментализам. Според него, најверојатното сценарио е Македонците од словенско потекло да почнат постепено да се иселуваат кон Бугарија во следниве 10 до 20 години. Според Алексиев, спроведената „антиквизација“ од страна на официјално Скопје, која го вклучувала и бугарското историско наследство, е направена поради сопствениот недостиг на идентитет.

„Проблемот е што ’антиквизацијата’ го зема со себе радикалниот ислам кон западните бугарски граници и тоа во крајна линија е најголемиот проблем во развојот на бугарско-македонските односи“, тврди Алекс Алексиев.

Schelju Schelew Staatspräsident Bulgarien bis 1997 ARCHIVBILD
Желев е за постојана и безусловна поддршка на членството на Македонија во ЕУФотографија: picture-alliance/dpa
Mazedonien Fotolia Karte
Дел од бугарските експерти гледаат закана од радикален ислам кој може да се пренесе од Македонија кон БугаријаФотографија: Fotolia/Bastos

Македонските желби за ЕУ

Поблаг став кон Македонија има д-р Жељу Желев и предводениот од него Балкански политички клуб. Желев се залага за постојана и безусловна поддршка на македонското членство во ЕУ.

„Донесенето решение од Европскиот совет, по иницијатива на Софија и Атина, за одложување на стартот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ не е ’црвен картон’, но не допринесува за скорешно излегување на Македонија од ’сивата’ зона на несигурност и етнички конфронтации“, смета поранешниот бугарски претседател.

Според се’, се чини дека зимата во официјалните бугарско-македонски односи продолжува. Но, надеж за нивно подобрување секогаш ќе има.