Кога победата е помалку важна
19 септември 2016Реклама
Џонатан Бронли од Велика Британија ја загуби силата во последните 500 метри од Триатлонот во Мексико на која дотогаш беше во водство. Неговиот брат Алистер подзастана и му помогна сепак да ја заврши трката, на која победи Јужноафриканецот Хенри Шуман. Конечен победник во Светскиот куп е Шпанецот Марио Мола, кој последната трка ја заврши на петтото место, но тоа му беше доволно за да ја задржи предноста од 4 бода пред Џонатан Бронли.
Инаку браќата Бронли ги освоија првите две места на Олимписките игри во Рио летово.