1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кембриџ - најдобар меѓу најдобрите

11 април 2010

Тој е најдобар меѓу универзитетите од Европа и од своите студенти бара голем ангажман, ред и дисциплина. За возврат тие добиваат дилома од Кембриџ, која им ги отвора портите насекаде во светот.

https://p.dw.com/p/Mrgj
КембриџФотографија: picture-alliance / dpa

Британскиот универзитет Кембрииџ се смета за најдобар во Европа. На две меѓунардони ранг листи, тој води меѓу европските високошколски институции.

Студиите на Кембриџ во просек траат три години. Академска година за жителите на Европската унија чини околу 3.000 фунти. Студентите кои не доаѓаат од земја-членка на ЕУ мора да платат повеќе. Нив студиите годишно ги чинат меѓу 9.000 и 20.000 фунти, при што најскапи се студиите по медицина.

Studenten und Kings College
Фотографија: Ruth Rach

Колеџот е многу мал, но многу добар и многу, многу стар. Негови поранешни студенти се носители на Нобелова награда, поранешни премиери, познати писатели, легендарни актери. Во рамките на универзитетотот Кембриџ постојат 31 институт, кои поседуваат академска слобода и финансиска самостојност. Годинава оваа светски позната институција го прославува својот 800 роденен.

Студентите кои завршуваат на Кембриџ имаат огромен плус во својата биографија: „На Кембриџ е кул многу да работиш. Секој работи како опседнат,“ вели Едмунд. Тој го турка неговиот рѓосан велосипед кон колеџот. Неговото презиме неможеме да го откриеме оти колеџот многу полага на приватната атмосфера. Но, може уште да кажеме дека Едмунд има 20 години, делува опуштено и самоуверено и воопшто не изгледа како „бубалица“. „Кога сестра ми доаѓа да ме посети, мисли дека луѓето овде не изгледаат сосем нормално. Секој се чини е потонат во мислите. Но јасно е, Кембриџ е мало место, преполно со интелектуалци, како интернат или кампус, и на такви места атмосферата е поинаква.“

Peter House Eingang
Фотографија: Ruth Rach

За студии во Кембриџ се потребни добри оценки и цврст карактер

Едмунд студира англиска литература и француски јазик. Неговиот образовен пат е типичен за многу негови колеги: прво државно основно училиште, па добро приватно училиште. Но, за Камбриџ не се доволни само одлични оценки. Кандидатите мора да се докажат и во личен разговор, при кој ги испитуваат до најмала ситница. Едмунд со недели вежбаше за тој разговор со неговите наставници и пријатели, и на крајот беше изненанден кога успеа: кандидатите од елитните интернати делуваа поелоквентно. Но, по половина година, разликите веќе не се забележуваат: Едмунд го остава велосипедот покрај средновековната портирница. Ручекот се сервира во „Хел“, темна зграда со стаклени украсни окна и темни портрети во масло. Студентите носат фармерки и маици, додека еден батлер, им го покажува патот. „Основен став овде на колеџот е: ние вработуваме луѓе да ви ги местат креветите, да ги мијат вашите садови, да внимаваат на вас, да ве контролираат, да ви готват, а вие морате да се концентрирате на вашата работа.“

Kings College
Фотографија: Ruth Rach

Едмунд мора да напише по два есеја секоја недела и двапати неделно да оди на консулатации кај неговиот тутор. Одвреме на време оди на предавања, но во принцип е препуштен самиот на себе. Поединечните консулатции се напорни: тоа е како сослушување, раскажува Едмунд: секоја реченица мора прецизно да биде аргументирана. Она што притоа го учиме е брзо да размислуваме, да бидеме снаодливи, да имаме добри нерви и вешто да ги одбегнеме несаканите прашања. Извореден тренинг за политичари, смета Едмунд. „Ниту формалните вечери не се забава. Ако седиш покрај некој професор, мора интелектуално да се докажеш. Мора да имаш против аргументи и прецизно да објасниш што мислиш. И тоа е особено корисно.“

Garten
Фотографија: Ruth Rach

Со диплома од Кембриџ отворени се вратите

Вечерна атмосфера во Кембриџ. Во средновековната капела се означува вечерната миса. Малкумина студенти се собираат во шталата со коњи. Затоа пак, барот од спротива е полн со студенти, кои се релаксираат пред видео-конзолите, пиејќи пиво од шише. Во истовреме, на тревата во дворот на колеџот се одвива еден друг ритуал: Студентите од прва година маршираат на вечера, облечени во деколтирани вечерни фустани и смокинзи.

За една година Едмунд ќе го положи завршниот испит. Плановите за иднината се’ уште не созреале кај него. Веќе беше на пракса во една банка во центарот на Лондон и во БиБиСи. Наредното лето сака да работи во издавачка куќа. За студент на Кембриџ воопшто не е тешко да најде интересна пракса. „Се’ додека мојата работа ми причинува задоволство, сеедно е што ќе станам. Но, имам чувство дека ќе правам нешто важно, кога ќе го завршам факултетот.“

Автор: Рут Рах/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска