1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канцеларка од насловната страница

Феликс Штајнер/превод:БГ10 декември 2015

Ангела Меркел беше избрана за Личност на годината за 2015 во американскиот Тајм магазин. Иако магазинот е полн со фалби за германската канцеларка, Феликс Штајнер е далеку покритичен

https://p.dw.com/p/1HL4z
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Time Magazine

Знаете ли кој беше именуван за Личност на годината според Тајм во 1938, 1942 или 1979? Или кој беше втор зад Меркел оваа година? Одговорот лежи во една убава, мала галерија на најомразените личности во светската историја: Адолф Хитлер, Јозеф Сталин, Ајатолахот Хомеини и Абу Бакр ал Багдади, лидерот на терористичката организација „Исламска држава“.
Од тоа станува јасно дека изборот на Тајм не е само награда за нешто добро, благородно или убаво. Туку едноставно за избор на луѓе за кои уредничкиот борд на Тајм смета дека имале најголемо влијание врз светската политика- добро или лошо.

Специјалната вредност на ќерката на пастирот

Се разбира, Тајм претполага дека канцеларката сторила добри нешта. Таквиот сентимент е изразен во прекрасниот наслов кој ја краси насловната страница на магазинот, „Канцеларка на слободниот свет“. Наслов кој од друга страна не кажува ништо посебно- имено бројот на земји кои шефот на својата влада го нарекуваат „канцелар“ е доста ограничен.
Уредниците на Тајм се повикуваат на таа добрина повеќепати во нивното помпезно писмо за поддршка: Тие пишуваат за нејзиното „стабилно морално лидерство“ на целиот континент- во кризата во Украина, еврокризата, прифаќањето на огромниот број бегалци, и за нејзината поддршка на војната против тероризмот по нападите во Париз. Тие завлегуваат и во поединост, пишувајќи за различните вредности според кои се води ќерката на пастирот, Меркел: „Човечност, великодушност и толеранција“. Би се потпишале ли грчките пензионери и невработени зад оваа изјава?
Најубавиот пасус вели: „Ретко е да се види лидер во процесот на отфрлање на стар и сенишен национален идентитет“. За жал, прашањето кој е и од што прогонуван останува неодговорено. Можеби група левичарски, интелектуалци со високи примања во држава која воопшто не прима бегалци?
Во секој случај, гласачката публика во Германија забрзано ја губи довербата во Меркел. А прогонуваните во случајот се градовите и општините кои се принудени да примаат уште повеќе бегалци, иако немаат поим каде ќе ги сместат и згрижат.

Steiner Felix Kommentarbild App
Феликс Штајнер

ЕУ поделена како никогаш досега

На многу европски соседи, исто така, далеку повеќе им се допаѓаше „старата“ предвидлива Германија наспроти големата сила со карактеристика на Меркел. Силата на германската ЕУ дипломатија годинава не успеа да го одржи балансот- ни во еврокризата, и особено не во бегалската криза. „Морален империјализам“ беше обвинувањето упатено кон канцеларката од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан, а тој наоѓа се повеќе сојузници кои го делат неговото мислење. Сепак, Ангела Меркел делува како да не ја погодува острата критика упатена кон нејзините политики. Во декември 2015, ЕУ како политички ентитет способен да делува, постои само на хартија. Дали така изгледа добро лидерство?
Уредниците на „Тајм“ не мора да се заморуваат со такви нешта. Тие- како што веќе напишавме- признанието Личност на годината им го даваат на сосема различни типови луѓе. Целта во седиштето на Тајм во Њујорк е да се произведе издание на крајот на годината кое ќе продаде многу примероци. А не може да се оспори дека големиот социјален експеримент на Ангела Меркел има нешто фасцинантно во себе. Иако, на тој експеримент веројатно може да се гледа далеку порелаксирано од онаа страна на Атлантикот, отколку тука во срцето на Европа.