1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Како да се пробие македонската литература во светот

14 октомври 2017

На саемот на книга во Франкфурт денеска се одржа дебата на тема „Преку границите: предизвиците за меѓународна промоција на литературата на 'малите јазици'“, во организација на Македонската асоцијација на издавачи.

https://p.dw.com/p/2lpja
Frankfurt - Mazedonien auf der Frankfurter Buchmesse
Фотографија: DW/B. Georgievski

За напорите на издавачките компании и авторите во освојување на меѓународната книжевна сцена говореа еден од најпреведуваните македонски автори и добитник на повеќе награди, меѓу кои и Европската награда за литература во 2013, Лидија Димкова, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата Tempi Irregolari, Гванца Јовова, потпретседател на Здружението на издавачи од Грузија, Катја Стергар од ЈАК Словенија како и Дарко Фиданоски од МАИ.

Гванца Јовова од Грузија, чија земја идната година ќе биде почесен гостин на Франкфуртскиот саем нагласи дека „да се достигне ваков статус е резултат на национална стратегија донесена на политичко ниво".

„Ние сме мала земја, но знаејќи ги потенцијалите на овој саем докажавме дека можеме да зборуваме гласно за нашите потенцијали кои светот не ги познава. Ова е одлична промоција не само на нашата култура, туку и туризмот, економијата".

Македонскиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, кој беше присутен на дебатата истакна дека „размената на искуства на ваквите саеми дава добри насоки како да се презентираме надвор на меѓународна сцена."

Целта на овој настан беше да се споделат искуствата околу предизвиците за успешна меѓународна промоција на дела и автори од помали земји кои не се толку познати на светската сцена.