1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да станете подобар човек?

Ролф Рише / ЕМФ7 јануари 2016

Како да станете подобар човек? Ролф Рише направи список со добри намери и цели кои се остварливи за секого. Почнете веднаш!

https://p.dw.com/p/1HV9H
Фотографија: Fotolia/yanlev

Помалку јадење, повеќе спорт, помалку алкохол, помалку седење пред телевизорот, нема веќе пушење... Кога почнува нова година, речиси секогаш си ги поставуваме истите цели. Проблемот е што и покрај добрата волја, ги остваруваме ретко. Еве мала помош...

Десет реални цели за новата година, кои гарантирано ќе ве направат подобар човек (доколку ги остварите):

1. Засадете најмалку едно дрво (патем, маслиновите палми не се дрва)

2. Бидете секогаш љубезни кон старите луѓе, тие тоа го залужуваат (старите и не се во толкав број како што мислите)

3. Најмалку еден ден поминете без гледање телевизија, без компјутер, без смартфон, без таблет (и без други смарт апарати, дури и во случај да не сте чуле досега за нив)

4. Постојано давајте пари за музика (сеедно дали таа доаѓа преку стрим, симнување од интернет, ЦД, винил, трубачки оркестар или хеви метал група)

5. Носете парче облека која сте сакале да го фрлите најмалку до крајот на годината (одберете облека која ви е точна)

6. Давајте постојано пари за новинарски печатени производи од висок квалитет (додека сѐ уште постојат)

7. Барем еден ден во годината не купувајте ништо од пластика или обвиткано со фолија (алтернативно можете да купите четкичка за заби од дрво)

8. Барем еден ден немојте да јадете месо (ако сте вегетаријанец или веганец барем еден ден во годината не им одете на нерви на оние што јадат месо)

9. Бидете љубезни кон самите себе (сте заслужиле, затоа што со работите од овој список сте станале подобар човек)

10. Напишете список со добри намери и цели кои се подобри од овие (еве три теми за размислување: кафе-капсули, хартиени чаши, крзно)