1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската автоиндустрија не се плаши од заканите на Трамп

Бригите Шолтес
7 март 2018

Сѐ уште сѐ е само на ниво на закана дека САД може да воведат казнени царини и на увозот на европски автомобили, но браншата е веќе во состојба на аларм. Сепак, штетите за Европејците нема да бидат големи.

https://p.dw.com/p/2tkwr
Deutschland Deutsche Autobauer unter Kartellverdach
Фотографија: picture-alliance/SvenSimon/F. Hoermann

„Со голема загриженост гледаме на актуелниот развој“, вели Бернард Матес, претседател на Сојузот на автомобилска индустрија (ВДА). „Казнените царини не можат да бидат решение. Трговска војна меѓу САД и Европа во секој случај мора да се избегне“, бара тој. Затоа што во евентуална трговска војна на сите страни ќе има само губитници.

Без сомневање, евентуални увозни казнени царини би ги погодиле еврпопските производители, но колку силен би бил тој удар е прашање околу кое автомобилските експерти имаат различни проценки. Тоа за германската автоиндустрија би била „катастрофа“, зашто таа особено во премиум-сегментот е зависна и од извозот во САД, уверен е Штефан Брацел, раководител на Центарот за автомобилски менаџмент на Високата школа за економија во Бергиш-Гладбах.

Фердинанд Дуденхефер, професор по економија и раководител на КАР-центарот за истражување на мобилноста на Универзитетот Дуизбург-Есен, во интервју за ДВ пак оценува дека ефектите од казнени царини нема да биде огромен. Погодени би биле пред сѐ Порше и Ауди, затоа што, за разлика од Фолксваген, Дајмлер или БМВ, тие не произведуваат во САД, вели Дуденхефер.

Повеќе:  Трамп и бајките за германските автомобили

Тој потенцира дека БМВ минатата година во САД произвела 17.000 возила повеќе отколку што таму продала, но Мерцедес бележи производствен дефицит од 42.000, а Фолксваген од 23.400 возила. Ауди, наспроти тоа, во 2017 година во САД извезла 226.000 автомобили, Порше - 55.000. Ауди во меѓувреме има производствени капацитети во Мексико, така што во наредните години ќе се намали увозот од Европа.

Германските автопроизводители со години го зголемуваат производството во САД, па соодветно на тоа - се намалува извозот. Во 2017 година се извезени една четвртина автомобили помалку отколку во годините претходно. Произвиодството во САД пак, во овој период се зголеми за 180.000 автомобили и изнесува 804.000 автомобили. Притоа, не сите се продадени во Америка, потенцира Матес: „Речиси секој втор автомобил кој нашите производители го прават во САД оди како извоз за Европа, Азија и остатокот од светот. Тоа се околу 430.000 возила.“

BMW-Werk Spartanburg in den USA
БМВ-фабриката Спартанбург во САДФотографија: picture-alliance/dpa

Тежината на САД се намалува

И Јирген Пипер, автомобилски експерт во банката Мецлер, предупредува дека паника не е потребна. Улогата на американскиот пазар во меѓувреме не е толку голема како пред 5 или 10 години. Меѓу странските пазари на прво место сега е Кина. „Грубо пресметано, германските автопроизводители во САД остваруваат меѓу 10 и 13 проценти од својата добивка. Доколку се воведе казнена царина од 10%, тоа можеби ќе ги намали добивките во САД за една третина“, вели Пипер. Тоа би значело дека добивките на концерните би се намалиле вкупно за 3 до 4 проценти, проценува овој експерт. Но, не треба да се потценува способноста за дејствување на германската автоиндустрија: концерните веројатно би се обиделе да ги заобиколат царините преку зголемување на производството во САД.

Можно е и Фоклсваген да размисли за целосно повлекување од САД, нагласува Пипер. Зашто, во моментов овој концерн и онака само прави загуба во САД, што се должи на последиците од скандалот со дизелот. А, и Фолксваген, за разлика од сите други германски автопроизводители, е присутен на масовниот пазар.

Повеќе:  САД: Официјална тужба против Фолксваген

Ауди, БМВ, Дајмлер или Порше би имале помалку проблеми, претпоставува Пипер и укажува на особеностите на сегментот на лускузни возила: „Таму улогата на цените е многу помала отколку во другите производствени класи“, објаснува тој. Муштериите кои нарачуваат вакво возило веројатно би прифатиле цена со казнена царина, затоа што им се познати политичките причини кои довеле до тоа, претпоставува Пипер.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид