1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија кажа „Чао, Силвио“, разговорите за нова влада почнаа

13 ноември 2011

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони се повлече од функцијата, неговите противници славеа во Рим. Претседателот Џорџо Наполитано ги почна разговорите со политичките партии околу новата влада.

https://p.dw.com/p/139q2
Славје во Рим по оставката на БерлсукониФотографија: picture alliance / dpa

Италија може да здивне, барем дел од земјата. Делот што го обвинува Силвио Берлускони дека е главен виновник за актуелната криза во Италија. Бројот на граѓаните кои така мислат во последните месеци стануваше се‘ поголем:

„Ова е големо славје“, изјави вчеравечер (12.11) една жена, а нејзин сограѓанин од Рим додава: „Немаме причина за славје, но заминувањето на Берлускони го славиме со задоволство“. Трета жена е скептична: „Не му верувам на тој човек, дури кога нема веќе да го гледам, ќе бидам сигурна дека си заминал“.

Italien Regierung Regierungswechsel November 2011
Крај на еден мандат иоли на една ера?Фотографија: dapd

Дали е тоа само крај на еден мандат, или на една ера? Политичките противници на Берлускони сметаат на негово целосно повлекување од политиката. Дарио Франческини, шеф на пратеничката група на Демократската партија, која е најсилна опозициона партија, оценува:

„Ќе влеземе во нова ера. Берлускони беше причина за поделба во земјата, во добро и лошо. Се‘ беше определувано од него - коалициите и дебатите, се‘ беше за или против Берлускони. Сега ова време е минато.“

Кој ќе ја води владата во иднина и како таа ќе изгледа?

Претседателот Џорџо Наполитано веќе ги почна разговорите со претставниците на политичките партии околу состав на идната преодна влада, која според досегашните најави, би требало да биде составена пред се‘ од стручњаци. Фаворит за функцијата премиер е економскиот истражувач и поранешен еврокомесар за заштита на конкурентноста, Марио Монти. 68-годишниот Монти ја има поддршката на најголемата опозиционапартија ПД и повеќето партии од политичкиот центар. Нејасно е колкава е поддршката за него од партијата на Берлускони - ПДЛ. Досегашниот коалиционен партнер на Берлускони, Северната лига, нема да му даде поддршка на Монти.

Mario Monti / Italien
Марио Монти е кандидатот за наследник на премиерската функцијаФотографија: dapd

Најважната задача на идната влада ќе биде враќање на довербата на финансиските пазари и враќање на висината на каматите за италијанските државни обврзници, кои се зголемија многу во последните недели, повторно на подносливо ниво.

Автор: Тилман Клајнјунг/дв/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска