1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исчезнатиот египетски авион се урнал

ЕМФ /дпа/ртр/афп/ард19 мај 2016

Неколку часа по исчезнувањето на патничкиот авион на летот МС804, за египетските власти е извесно: А320 се урнал додека летал над Средоземното Море.

https://p.dw.com/p/1IqPL
Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/T. Belyakova

Патничкиот авион на египетската авиокомпанија Еџипт Ер се урнал, соопштија воздухопловните власти во Каиро. Во авионот, според Еџипт Ер, имало 56 патници и 10 членови на екипажот, меѓу нив 30 египетски и 15 француски патници, како и граѓани на Велика Британија, Ирак и Канада.

Според проценките на египетското Министерство за воздушен сообраќај, поголема е вероајтноста леталото да се урнало поради напад, отколку поради технички дефект. Министерот Шериф Фати изјави дека не сака да шпекулира, но дека при попрецизната анализа направена денеска, произлегло дека е поголема веројатноста дека станува збор за „терористички напад“.

Грчката влада соопшти дека непосредно пред уривањето авионот направил две остри свртувања едно по друго. грчката армија, пак соопшти дека пред грчкиот остров Крит денеска се откриени делови кои наликуваат на делови од авион.

Според Еџипт Ер, летот МС804 испратил сигнал за помош непосредно пред да исчезне. Тој сигнал, како што се вели, стигнал во 02:26 часот, односно десет минути пред исчезнувањето на авионот од радарите. Египетската армија, пак, соопшти дека не добила никаков сигнал.

Авионот А320 бил на пат од Париз за Каиро и од радарите исчезнал во раните утрински часови, кога се наоѓал на височинаод 11.277 метри. Во тоа време леталото било над Средоземното Море, на околу 280 километри северно од египетскиот брег и околу 240 километри јужно од грчкиот остров Карпантос.

Der Screenshot der Internetseite von flightradar24.com zeigt die Route des Airbus der Fluggesellschaft Egypt Air
Скриншот од веб-страницата flightradar24.com - прикажана е рутата на летање на авионотФотографија: picture-alliance/dpa/Kflightradar24.com

Во интерес на истрагата за уривањето на авионот, францускиот претседател Франсоа Оланд и неговиот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси договорија тесна соработка. За семејствата на патниците е основан кризен центар на аеродромот Шарл де Гол.

Авионот од типот А320 кој се урнал во Средоземјето, според производителот на авиони Ербас, бил во употреба од 2003 година и имал околу 48.000 часови летање. Авионите од семејството А320 се произведуваат околу 30 години и се продаваат повеќе од добро. Од почетокот на производството се нарачани околу 12.500 летала со различна големина од сериите А318, А319, А320 и А321. Досега се испорачани 7000 авиони, а во моментов во авионски сообраќај ширум светот се околу 6700 летала.