1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага за железничката несреќа во Белгија

ЖА/афп/дпа6 јуни 2016

Во судир на брз патнички и товарен воз во близина на белгискиот град Лиеж загинаа три лица. Очевидци сведочат за хаотични сцени. Истрагата ја решава загатката како дошло до несреќата.

https://p.dw.com/p/1J1J5
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Kip

Во тешка железничка несреќа во близина на белгискиот град Лиеж, ноќеска настрадаа смртно три лица, а најмалку девет се повредени. Локалните медиуми пренесуваат дека патничкиот воз при брзина од 90 километри на час се удрил во последните вагони од товарната композиција која се движела пред него на истиот железнички колосек. „Патнички воз се заби во товарен, причината за судирот се истражува“, потврдил портпаролот на операторот на железничките линии „Инфрабел“, Фредерик Сакр. Тој прецизирал дека патничката композиција се состоела од шест вагони, од кои првите два биле најтешко оштетени во судирот. На тој дел од линијата претходно имало удар од молња, што може да предизвикало некакво нарушување во сигнализацијата.

Од истрагата велат дека е вистинска среќа и чудо што немало и повеќе жртви со оглед на силината на ударот меѓу двата воза. Во возот се наоѓале голем број студенти кои патувале кон Лиеж.

Овде погледнете го видеото:

Железничка несреќа кај Лиеж