1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска посета на Џон Кери на Хирошима

А. Вејд/бг11 април 2016

70 години откако беше фрлена атомска бомба врз Хирошима, Џон Кери стана првиот американски државен секретар кој положи цвеќе пред споменикот на загинатите.

https://p.dw.com/p/1ITGO
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Nogi

Џон Кери стана првиот американски државен секретар кој го посети градот што беше уништен во атомскиот напад во 1945 година, и им оддаде почит на жртвите. Околу 140 илјади Јапонци ги загубија животите во нападот на САД врз Хирошима.

„Секој треба да ја посети Хирошима. И под секој, навистина мислам на секој. Затоа се надевам дека еден ден претседателот на САД ќе биде меѓу оние кои дошле тука“, порача Кери.

Историска посета на Џон Кери на Хирошима