1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Испуштањето CО2 треба до 2050 година да се намали за 50 насто

4 декември 2007

Промената на климата е во полн ек. Крајно време е да се преземе нешто против затопливањето на климата. Единствено решение е намалувањето на штетните издувни гасови во атмосферата

https://p.dw.com/p/CWdg
Мерење на јаглероддиоксид на Северниот полФотографија: DW/ Dr. Irene Quaile-Kersken

Промената на климата не е повеќе теоретски проблем, туку вистински реален проблем. Таа се одвива со многу подраматично темпо отколку што досега се претпоставуваше. За да се спречи вистинска катастрофа мора веднаш, што е можно побрзо и поконкретно, да се преземе нешто. За таа цел од од вчера во Бали се собрани повеќе од 10.000 експерти од областа на екологијата и политичари од целиот свет да дискутираат за оваа тема.

Како може да се спречи затоплувањето на климата во светот?

Станува збор за неопходна редукција на штетните гасови во атмосферата. До 2050 година ширум светот испуштањето јаглерод диоксид мора да се намали за 50 проценти. Автомобилскиот сообраќај е одговорен дури за една третина од вкупниот јаглерордиоксид, вели вели Михаел Милер, државен секретар во германското министерство за заштита на околината и шеф на германската делегација во Бали:

„Денес во светот е измерено затоплување на климата од 0,8 степени. Бидејќи врз климатскиот систем може само долгорочно да се дејствува, веќе не може да се спречи затоплувањето на климата за 1,4 или 1,5 степени. Туку, станува збор за тоа да се обидеме да го спречиме затоплувањето за натамошен половина процен, за да не дојде до затоплување на климата за цели 2 степени. „

Јаглероддиоксидот е најштетниот гас што го создава човечката цивилизација

Но, сепак само половината од сите гасови се задржуваат во атмосферата. Останатиот дел го апсорбираат океаните и разни видови растенија. Тие се еден вид уништувачи на јаглероддиоксид. Без нив земјината атмосфера би се затоплила многу повеќе.

Но, дури и доколку ни успее да го намалиме испуштањето издувни гасови во атмосферата на нула, затоплувањето на климата сепак ќе продолжи. Досега, во атмосферата испуштивме толкаво количество гасови, што нивната штетност за климата ќе се покаже многу подоцна.

Глечерите денес се топат шест пати побрзо отколку во 80-те години. Според проценки на експертите нивото на морињата во наредните десетлетија би можело да се зголеми за половина метар.

Ширум светот до 2010 година издувните гасови треба да се намалат за 30 проценти, со цел затоплувањето на земјата да се задржи на ниво под два степени. Само доколку сите земји подеднакво се залагаат околу оваа цел, спречувањето на промената на климата може долгорочно да успее.