1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламска држава во Либија под силен притисок

СН/ртр/дв/дпа11 јуни 2016

Либиските владини сили соопштија дека го вратиле под своја контрола пристаништето во градот Сирт, по жестоките борби со припадниците на терористичката организација Исламска држава.

https://p.dw.com/p/1J4ok
Фотографија: picture alliance/abaca/H. Turkia

Бригадите на силите на владата на национално единство на Либија кои се состојат главно од борци од градот Мисрата во борбите во текот на неделава против трупите на ИД остварија зналаен напредок кон центарот на Сирт, во рамките на офанзивата започната во минатиот месец. Повратена е контролата врз пристаништето во Сирт и околните населби. Најмалку 11 борци загинале досега пред сѐ од истрели на снајперистите на Исламска држава. Сирт е најзначајното упориште на џихадистите надвор од Ирак и од Сирија.

На почетокот на неделата либиски авииони започнаа да ги бомбардираат позициите на ИД во Сирт, додека воената морнарица со артилериски оган ги напаѓаше џихадистите од море, наведоа либиски официјални претставници, додавајќи дека офанзивата продолжува.

Погледнете го вебвидеото за борбите кај Сирт:

Исламска држава пред тежок пораз во Либија

Портпаролот на либиските сили, генералот Михамед ал-Гусри изјави дека лидерите на ИД избегале северно од градот, во пустината, ама додаде и оти голем број милитанти и натаму се под опсада во Сирт.

Исламската држава започна да се проширува во Либија во 2014 година, среде политичката криза и конфликтот во оваа земја. ИД ја презеде контролата врз Сирт, инаку роден град на поранешниот либиски властодржец Моамер ел Гадафи во текот на минатата година, ама оттогаш наваму тешко успева да ги задржи освоените територии или да добие поддршка во други делови од Либија.