1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран: Готовност за преговори за атомската програма

СН/АТ/дапд/дпа/ртр/миа3 февруари 2013

Иран е подготвен за преговори со САД околу неговата спорна атомска програма, изјави шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи на Безбедносната конференција во Минхен.

https://p.dw.com/p/17XIm
Фотографија: Reuters

Говорејќи на последниот ден од традиционалната Меѓународна безбедносна конференција во Минхен, иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи (фото горе) порача дека Техеран е подготвен за отпочнување дирекни преговори со Иран во врска со иранската нуклеарна програма.

„Иран сака за три недели во Казахстан да се сретне со меѓународнта преговарачка група составена од петте земји постојани членки на Советот за безбедност (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција) и Германија“, изјави Салехи.

Претходно израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак одново го предупреди Иран да не се обидува да создаде атомска бомба. Израел е црвсто решен да спречи такво нешто, порача Барак во Минхен. Земјите од Западот и Израел го обвинуваат Техеран дека под плаштот на цивилната атомска програма работи на создавање на нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла ваквите обвинувања и опстојува на своето право на користење на атомската енергија.

München Sicherheitskonferenz Joe Biden
Потпретседателот на САД, Џо БајденФотографија: picture-alliance/dpa

Инаку американскиот потпретседател Џо Бајден во Минхен порача дека САД се подготвени за отпочнување дирекни преговори со Иран во врска со иранската нуклеарна програма. „Сепак Техеран треба да покаже дека има сериозни намери, бидејќи во спротивно САД нема да прифатат вакви преговори само за да преговарат, порача Бајден.

САД во неколку наврати нагласуваа дека се подготвени на дирекни преговори со Иран, но до нив досега не дојде. При досегашните преговори меѓу меѓународната „шестка“ и властите во Техеран беше постигнат само мал напредок. Од друга страна, како мерка за притисок врз Иран поради неговата нуклеарна програма, западните земји воведоа санкции кон Техеран со што го ограничија извозот на иранска нафта и финансиските трансакции на земјата.