1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инес Пол - нов главен и одговорен уредник на Дојче веле

дв9 јуни 2016

Нов главен и одговорен уредник на Дојче веле од први март 2017 година ќе биде Инес Пол, која доаѓа на местото од Александар Кудашеф, кој заминува во пензија.

https://p.dw.com/p/1J3ht
Фотографија: DW

Пол, долгогодишен главен и одговорен уредник на весникот Тагесцајтунг, во Дојче веле премина на крајот на 2015 година, од кога работи како дописник од студиото во Вашингтон.

Интендантот на Дојче веле Петер Лимбург за Инес Пол изјави дека е „извонредна новинарка и искусна менаџерка. Таа натамошно ќе ги профилира нашите повеќејазични понуди, консекветно натплатфомрски ориентирани и со тоа ќе ја поддржи трансформацијата на Дојче веле во дигитална медиумска куќа.“

Лимбург му оддаде признание на Кудашеф како на „новинар кој оставил повеќегодишен печат врз Дојче веле. Тој е најдобриот главен и одговорен уредник кој Дојче веле можеше да си го посака во време на интерни реформи и преструктуирања.“

Кудашеф, по студиите по филозофија, историја, политика и исламологија првично работел во Редакцијата за Блиски Исток во Дојче веле, подоцна преминал на раководната позиицја во Редакцијата за внатрешна политика, а потоа стaнал главен уредник на радиската програма. Од 1998 година тој го раководеше студиото во Брисел, а од 2007 студиото во Берлин. Во 2014 година Кудашеф дојде на функцијата главен и одговорен уредник на целокупната новинарска понуда на Дојче веле.

Инес Пол по студиите по германистика и скандинавистика на Универзитетот Гетинген работела како слободен новинар во Радио ффн и локални весници. Подоцна го раководела политичкиот ресор во Хесишен/Нидерзексишен алгемајне и работела како дописник за медиумската група Ипен во Берлин. Од 2010 година Пол е член на Кураториумот на Репортери без граници, а од 2013 година член на Кураториумот на Меѓународната новинарска програма. Пред преминот во Дојче веле, таа беше главен и одговорен уредник во ТАЦ.