1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли шанси за мир во Украина?

Франк Хофман/сн2 октомври 2015

Примирјето на истокот на Украина трае изненадувачки долго. Па сепак мал е бројот на онит кои веруваат во воспоставување на траен мир . Денеска (2.10.) повторно се преговара за тоа.

https://p.dw.com/p/1GhWi
Фотографија: picture-alliance/dpa/RIA Novosti/V. Tolochko

Сегашното почитување на примирјето кое беше договорено во февруари за истокот на Украина изненади исто како и ескалацијата пред состанокот на врвот во Минск на кој учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, францискиот претседател Франсоа Оланд, украинскиот претседател Петро Порошенко и неговиот руски колега Владимир Путин. „Кој може толку брзо да го запре насилството, ќе може исто толку брзо повторно да почне да пука“, изјави еден западен дипломат во Киев. Јасно е дека притоа мислеше на Москва. Големи се сомнежите во успехот на парискиот мировен состанок на врвот кој денеска (2.10.) се одржува во францускиот главен град, а на кој за воспоставување на траен мир на истокот на Украина преговараат Украинци и Руси со посредство на Германија и Франција. Сепак, во Украина се буди надеж.

Ukraine Konflikt Donezk Schützengraben Ukrainischer Soldat
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Ratushniak

Интензивни дипломатски напори

На почетокот на неделава Киев, Москва и бунтовниците со посредство на ОБСЕ договорија повлекување на тешкото вооружување. Тоа значи оти на 15 километри од линијата на разграничување мораат пред се’ да се повлечат оклопните возила. Во изминатите 4 недели на релативно примирје овие возила беа само стратешки распределувани. „Ги следиме воените движења на двете страни“, рече уште минатата недела заменик шефот на набљудувачка мисија на ОБСЕ, Александер Хуг. „Се’ уште има многу оружје во безбедносната зона.“ Прашање е дали сега ќе дојде до повлекување. Сепак, пред 3 месеца никој во Киев немаше да се обложи оти летото на истокот на Украина ќе помине мирно. Напротив: украинското државно раководство очекуваше голема летна бунтовничка офанзива. Тоа беше спречено со интензивни дипломатски напори, призна еден советник на украинскиот претседател фалејќи ја германско-француската кризна интервенција. Како што се дознава од кругови блиски до украинскиот претседател, Киев составил каталог на барања без чие исполнување нема да има напредок на состанокот во Париз. Пред се’ се противи на одржување на еднострано организирани избори од страна на проруските бунтовници и тоа без меѓународен надзор. Можно е изборите да бидат одложени за февруари. За Украина не доаѓа предвид ни меѓународно признавање на окупираните региони. Истовремено Киев во Париз повторно ќе се залага за испраќање мировници на истокот на Украина.

Ostukraine Separatisten an der Front bei Donezk Symbolbild Waffenruhe Separatisten
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Dubovoy

Од Минск II. до Минск III.?

Но и Киев одолговлекува со исполнување на договореното. Така неодамна гласањето во парламентот за децентрализација на земјата, кое требаше да биде одржано во октомври, е одложено за крајот на декември. Децентрализацијата е темел за овозможување на самоуправа на сепаратистите. Киев не сака туку- така да го испушти од рака своето најсилно средство за притисок. „Ние тука плаќаме висока цена“, потсетува еден украински дипломат. Дел од вооружените националистички доброволни единици тврди оти во тој случај нивната борба би била залудна. Кај првото читање на уставните реформи на 31. август пред парламентот летаа рачни гранати во чија експлозија тешко се ранети повеќе луѓе. Очигледно е дека и поради таа причина украинскиот претседател сака поголемо присуство на меѓународните сили.

И навистина: не е јасно како без засилено меѓународно присуство на истокот на Украина би можел да се спроведе договорот од Минск. Во тој документ како датум за извршување на поголемиот број од точките се наведува 31. декември. Тука, како прво, е контролата на украинско-руската граница на окупираните подрачја. Во Киев малкумина веруваат дека тоа би можело да биде спроведено. Тоа е првата причина зошто некои во Киев ја посакуваат мисија на ЕУ за осигурување на границата. Една мисија која сега делува во регионот, која е на ОБСЕ, едвај ги извршува своите набљудувачки задачи. Бројот на припадниците на мисијата пред неколку месеци е зголемен од 500 на 1.000, но сега таму се наоѓаат само 540 невооружени набљудувачи кои немаат пристап до 40 проценти од окупираните подрачја.

Затоа кризната дипломатија со недели е фокусирана на усовршување на договорот. Така од вториот договор од Минск би требало да се создаде Минск III. До исполнување на централната точка од договорот од февруари изминаа 7 месеци. Но сега барем оружјето мирува.