1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел со закана, Јордан со укажување за Газа

Александар Методијев/дпа/ројтерс/афп10 август 2014

Израел нема да ги обнови преговорите во Каиро за долгорочно примирје во Газа се‘ додека Хамас продолжува да напаѓа со ракети, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

https://p.dw.com/p/1Cs44
Фотографија: imago/UPI Photo

„Израел нема да преговара под оган“, рече Нетанјаху за време на неделниот состанок со неговиот кабинет во Тел Авив. „Операцијата ќе продолжи до постигнување на целта – враќање на мирот на долг рок“, нагласи Нетанјаху потсетувајќи дека уште од почетокот на операцијата посочил дека за неа е потребно време и трпение.

Во меѓувреме, денеска (10.08) од Јордан пристигна порака на адреса на израелската влада. Кралот Абдула Втори го предупреди Израел дека ќе ја постигне безбедноста за својот народ само преку мировен договор со Палестинците, кој ќе доведе до формирање на нивна сопствена држава.

Jordanien König Abdullah II Amman Verfassung Flash-Galerie
Кралот Абдула ВториФотографија: picture alliance/dpa

Забелешката на Абдула доаѓа преку интервјуто објавено во независниот весник „Ал-Гхад“, откако се покажа дека бројот на жртвите од воздушните напади во Газа расте, а надежта за осигурување на примирјето паѓа. Во едномесечниот конфликт загинаа околу 2.000 Палестинци и 67 лица на израелска страна. Според јорданскиот крал, „Израел е одговорен за агресијата во Појасот“.