1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел го прифати планот на Египет

БГ/ап/ртр15 јули 2014

Израел денеска го прифати египетскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа. Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го прифаќа предлогот кој стапи во сила утрово, а кој палестинската страна го одби.

https://p.dw.com/p/1Ccxz
Фотографија: Reuters

Египет синоќа предложи привремен прекин на огнот како прв чекор за прекин на најновиот израелско-палестински судир, во кој досега животот го загубија 175 лица, а над 1.300 се ранети. Египетското Министерство за надворешни работи објави план во три точки, што треба да почне со 12-часовен прекин на огнот од страна на Израел и Хамас. Потоа следи отворање на граничните премини и преговори во Каиро меѓу двете страни.

Радикалното палестинско движење Хамас соопшти дека „прекинот на огнот без договор е исклучен“, додека вооруженото крило на Хамас, Бригадите Езедин ел Касам се заканија дека ќе ја „засилат“ борбата против Израел.

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас го поздрави планот за примирјето. Коментаторите во регионот сметаат дека во моментов унилатералниот прекин на огнот е шанса за Израел да добие поголема меѓународна поддршка, во случај да продолжат ракетните напади од Хамас и да уследи копнена офанзива во Појасот Газа.