1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел: Засилени безбедносни мерки по нападот

ЖА/дпа9 јуни 2016

По крвавиот напад во Тел Авив, израелската армија ги засили безбедносните мерки во метрополата. Полициското присуство е зголемено во близина на училишта и детски градинки. Двајца Палестинци убија четири лица.

https://p.dw.com/p/1J3SG
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Guez

Полициското присуство е зголемено во близина на училишта и детски градинки. Двајца атентатори Палестинци синоќа во прометен затворен пазар во Тел Авив отворија оган врз посетителите. Притоа се убиени четири лица, а седум ранети. Полицијата ги уапси двајцата напаѓачи, едниот од нив е ранет. Како реакција на нападот, Израел ги укина олеснувањата поради Рамазан за десетиците илјади Палестинци. Издадените дозволи на Палестинци од Западниот Брег за пристап до Брегот на храмовите и посета на роднини се замрзнати. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави решителни чекори против терористите. Палестинската организација Хамас, која владее во Појасот Газа, најави натамошни напади во текот на месецот на пост.

Погледнете го видеото од нападот во Тел Авив:

Терор во срцето на Тел Авив