1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Играта е завршена

Инес Пол/ превод:СН1 март 2016

Спроти денешниот супер вторник и по триумфот на предизборите во Јужна Каролина, Хилари Клинтон се позиционираше како најдобар можен кандидат за американски претседател кај Демократската партија, смета Инес Пол.

https://p.dw.com/p/1I4LF
Фотографија: Reuters/R. Hill

Постојат многу причини да се смета дека Берни Сандерс е добар избор. Кој уште не го поддржува неговиот став дека образованието во САД треба да биде достапно за сите? Кој не би се сложил со неговите критики на актуелниот политички систем, кој многу често и премногу очигледно е можно да се купи за големи пари? За воодушевување е и неговата храброст толку јасно да ги искажува своите левичарски уверувања, иако знае колку е тоа опасно во земјата во која „лево“ за многумина значи „комунистичко“, а тоа пак значи „зло“.

Сето тоа е многу импресивно, за многумина и симпатично. Но не ветува успех.

Хилари Клинтон победи во Јужна Каролина со предност од речиси 50 процентни поени и тоа не само затоа што, како што и се очекуваше, доби широка поддршка од афро-американските гласачи. За прв пат во оваа предизборна кампања, таа успеа да мобилизира навистина големо мнозинство- подеднакво и млади и стари, мажи и жени.

Pohl Ines Kommentarbild App
Инес Пол

Тоа не беа само „нејзините 15 минути слава“, тоа би требало да ја постави на местото кандидат на демократската партија за претседателските избори во САД. А Берни Сандерс? Тој би требало да сфати дека нема сериозни шанси против неа и нејзиниот мастер-план, и да запре. По овие избори е јасно: Сандерс не може да освои мнозинство на изборите. Тој победува меѓу белците и младите, но тоа не е доволно да стигне до Белата куќа.

Да се запре со нанесувањето штета на Хилари Клинтон!

Сѐ поверојтно е дека републикански кандидат ќе биде Доналд Трамп. Со тоа навистина не треба да се шегува. На времето на играње игри и експериментирање мора да им дојде крај. Би било мудро да се престане да ѝ се нанесува штета на Хилари Клинтон со напади од нејзината сопствена партија.

Таа ионака нуди доволно голема површина на напад и потребна ѝ е цела поддршка од партијата за да победи.

Тоа го чувствуваат и демократите. Пораката која доаѓа од Јужна Каролина гласи: заедништво. Можно е тоа да е причината за победата на Хилари Клинтон во оваа американска држава, бидејќи дури и оние кои никогаш не би ја поддржале, сметаат оти таа е единствена надеж која преостанала да се спречи најлошото. И тоа е добро, бидејќи во оваа кампања веќе не може да се направи никаква сметка- без Доналд Трамп.