1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И‘ требаат ли реформи на Турција?

9 јули 2010

Дали турскиот устав треба да биде променет во важни точки? За ова прашање ќе се одлучува во септември на референдум. Патот дотаму го отвори Уставниот суд, откако партиите спореа околу потребата од реформски процес.

https://p.dw.com/p/OEpH
Уставниот суд на ТурцијаФотографија: AP

„Пресудата на Уставниот суд не одговара на нашите очекувања“, вели Кемал Киликдароглу, новиот шеф на најважната турска опозициона партија, Републиканската народна партија.

Тој се надевал дека највисокиот турски суд воопшто нема да дозволи изјаснување за промена на Уставот. Но, на 12 септември, одлучи Судот, народот ќе се изјасни. Уставот е донесен во 1982 година од страна на воените пучисти. Уставните судии не дозволуваат промена на некои детали, на пример, треба да останат досегашните правила за номинирање судии и обвинители.

Опозицијата против демократизацијата?

Од аспект на владата, промената на уставот е неопходна заради демократизирање на Турција, со цел таа да стане подготвена за Европа. И ЕК во Брисел реформскиот пакет го оцени како чекор во вистински правец.

Против реформите, што е парадокс, се опозиционите кемалисти, значи политичката сила која се смета за наследник на основачот на републиката, Кемал Ататурк, кој ја модернизирал Турција и сакал да ја отвори кон Запад. Самонаречените чувари на наследството на Ататурк од управата и војската, сега сакаат зачувување на структурите на воениот устав. Нивниот аргумент гласи - со реформата се доведува во опасност независноста на судството. Кемалистичката Републиканска народна партија сака нов устав, но не соопштува како треба да изгледа тој. Наместо тоа, Кемал Киликдароглу ги критикува предлозите на владеачката религиозно-конзервативна АКП:

Demonstration gegen Aufhegung des Kopftuchverbots Türkei
Антиисламски демонстрации во Турција против дозвола за носење шамија во универзитетитеФотографија: picture-alliance/ dpa

„Политизирањето на судството неодминливо ќе води кон поделба на општеството. И по промените од Уставниот суд останува проблемот што државните обвинители треба да бидат под контрола на министерството за правда. Затоа, оваа уставна реформа, според нас, е продолжение на недемократскиот устав.“

Обвинувања за исламизација на државата

Уставниот спор меѓу власта и опозицијата во Турција има свој корен: кемалистите ја обвинуваат АКП и премиерот Реџеп Таип Ердоан дека од Турција сака да направи исламска држава. Во минатите години се водеа дебати за различни прашања: дали во универзитетите да им биде дозволен влез на жените со шамија, дали апсолвентите од муслиманските религиозни школи треба полесно да можат да направат кариера во управата и стопанството? Смее ли еден закоравен верник-муслиман да стане претседател, како политичарот на АКП, Абдула Ѓул?

За промената на уставот сега треба да реши народот. Резултатот може да биде тесен. Заменикот претседател на владеачката АКП, Суат Килич, смета дека ќе има мнозинство за промена на уставот:

„Убеден сум дека опозицијата со својата негативна кампања нема да има успех. Ние зборуваме за поголеми слободи и демократски односи, а опозицијата тоа го одбива.“

Автор: Штефен Вурцел / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска