1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто сме депресивни?

17 ноември 2009

Според проценките на експертите во Германија има околу 4 милиони луѓе заболени од депресија. Околу 80 насто од заболените би можеле да се излекуваат со психотерапија и лекови.Кои се причините за појава на депресија ?

https://p.dw.com/p/KZCs
Фотографија: picture-alliance/dpa

Без никаква желба, потиштеност, резигнација, нерасположеност, овие симптоми ги познава секој од нас. Тоа се фази, кои од најразлични причини се појавуваат во животот и по некое време повторно исчезнуваат. Кај болните од депресија ваквото расположение трае со недели и месеци, а може и подолго, доколку болеста не се лекува. Погодените, како возрасните така и децата и младите, не можат со сопствена сила да го надминат лошото расположение и не можат да се справат со обврските и проблемите во секојдневниот живот.

Научниците од областа на неврохирургијата, односно биологијата на мозокот, се обидуваат детално да ги испитаат сите аспекти на депресијата.

Резултат меѓу другото се лековите, Антидепресива со кои успешно се лекуваат пациентите со пречки во размената на материи во мозокот, без поголеми контраиндикации. На кој пациенит, кој лек најмногу му одговара, не може точно да се предвиди. Изборот на соодветниот лек зависи од симптомите и староста на пациентот.