1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златна палма за Лоуч

ЖА/мф/дпа/ртре23 мај 2016

Британскиот режисер Кен Лоуч ја доби Златната палма на 69-от Кански фестивал за филмот „Јас, Даниел Блејк“

https://p.dw.com/p/1Isn7
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Hache

Британскиот режисер Кен Лоуч ја доби Златната палма на 69-от Кански фестивал за филмот „Јас, Даниел Блејк“, социјална драма за судбината на „малиот човек“. Главниот лик во филмот е повозрасниот столар Даниeл Блејк, кому му е забрането да работи по преживеаниот срцев удар. Наоѓајќи се во тешка ситуација, тој се соочува со рамнодушноста на државната машинерија, но се обидува да продолжи да живее достоинствено.

Cannes Filmfestspiele Xavier Dolan
Емотивен настап на Долан на бинатаФотографија: Getty Images/AFP/V. Hache

Гран-при наградата, втората по важност по Златната палма, на годинешното издание на меѓународниот Кански филмски фестивал му припадна на канадскиот режисер Ксавиер Долан за филмот „Само крајот на светот“.

Херој во психолошката драма на Долан е успешен млад писател, кој во момчештвото го напушта домот поради несогласувањето со семејството поради неговата сексуална ориентација. Многу години подоцна тој се враќа во домот, за да им соопшти дека е смртно болен и оти наскоро ќе умре.

Cannes Filmfestspiele Olivier Assayas
Награда за режија - Оливие АсејасФотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Cironneau

Наградата за најдобар режисер годинава во Кан ја добија двајца режисери – Французинот Оливие Асејас и Романецот Кристијан Мунгиу.

Францускиот режисер ја добри наградата за филмот „Личен купувач“, кој се занимава со животот на млада Американка во Париз, која работи како асистент на славна личност, грижејќи се за нејзината гардероба. Хероината не ја сака својата работа, но не може да најде подобар начин да заработи за живот во Франција. Но одненадеж таа почнува да добива анонимни пораки.

Романецот, пак, е награден за филмот „Матура“. Во центарот на оваа социјална драма е историјата на провинциско романско семејство, во кое единствената ќерка се подготвува за матурскиот испит. Високата оценка би ѝ овозможил на девојката да го продолжи школувањето во Англија, за што мечтае таткото. Но пред самиот испит сите надежи потонуваат, на само неколку чекори од училиштето таа доживува обид за силување и паѓа на испитот.

Cannes Filmfestspiele Shahab Hosseini
Шахаб Хосеини, најдобар актерФотографија: Reuters/Y. Herman

Иранскиот актер Шахаб Хосеин ја доби наградата за најдобра машка улога во филмот „Трговец“ на иранскиот режисер Асгар Фархади. Социјалната драма раскажува за 51-годишен маж кој по 20-месечно барање работа добива задолжение, кое го става пред етичка дилема и од неговиот избор зависи дали ќе ja сочува тешко добиената работа.

Cannes Filmfestspiele Jaclyn Jose Andi Eigenmann Brillante Mendoza
Жаклин Жосе - (прва од лево) награда за најдобра женска улогаФотографија: Reuters/Y. Herman

Добитничка на наградата за најдобра актерка е филипинската актерка Жаклин Жосе за улогата во филмот „ Ма Роса“ на филипинскиот режисер Брилијанте Мендоза, во кој е мајка на четири деца и држи мало кафуле во една од најсиромашните населби во Манила. За да врзат крај со крај, таа и сопругот се решаваат и да препродаваат дроги.

За најдобар режисерка на 69-от Кан жирото ја прогласи британската режисерка Андреа Арнолд за филмот „Американски мед“. Филмот ја следи приказната за млада девојка која крстосува по американскиот Среден Запад продавајќи претплата на списание, но наскоро наоѓа ново друштво со кое влегува во авантури и искушенија.

Почесната палма годинава му беше доделена на францускиот актер Жан-Пјер Лео, за достигнувања во светската кинематографија.

Погледајте го видеото:

Доделени наградите на Канскиот фестивал