Зима во април
19 април 2017Реклама
Според Германската метеоролошка служба снегот и студот се должат на фактот што Германија се наоѓа меѓу подрачје со висок и подрачје со низок притисок. Метеоролозите предвидуваат мраз и температури до -10 степени Целзиусови на повисоките места.
Врнежите на снег во текот на денот постепено ќе се намалуваат, но се предупредува на внимателност поради замрзнати патишта.
И во наредните денови ќе остане студено и влажно. Се очекуваат нови врнежи од дожд и снег.