1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Здравствено осигурување за студирање во Германија

www.study-in.de/К.К.25 септември 2015

При запишување на факултет во Германија, како и за дозвола за престој, неопходен е доказ за здравствено осигурување. Тоа прашање мора да се реши пред доаѓање во Германија.

https://p.dw.com/p/1Gar4
Фотографија: Patrick Sinkel/dapd

Кандидатот прво треба да провери дали здравственото осигирување кое го поседува во својата земја важи и во Германија.

Здравствено осигурување кое важи и во Германија

Во Германија важат здравствени осигурување од следниве земји: членки на Европската унија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Исланд, Израел, Лихтенштајн, Мароко, Македонија, Норвешка, Швајцарија, Србија, Тунис и Турција. Со тие земји Германија потпиша договор за социјално осигурување. Со европската карта за здравствено осигурување (ЕХИЦ) кандидатот ужива здравствена заштита во Германија.

Исто така и приватните, домашни и странски здравствени осигурувања можат да се признаат во Германија. Сите детали околу осигурувањето треба да се појаснат пред доаѓањето во Германија. Ако осигурувањето од земјата од која доаѓа кандидатот е признаено во Германија, тогаш за запишување на факултет потребна му е потврда дека е ослободен од обврската за осигурување од законски утврдените носители на осигурување во Германија. Пред запишување на факултет, кандидатот мора да побара потврда од некое законски пропишано здравствено осигурување (најдобро е да праша во Академската канцеларија за странци во која установа да се обрати). Мора да има на ум дека, по вадењето на таа потврда, сопственото осигурување не може да се замени со некои други германски законски здрваствени осигурувања.

Ако здравственото осигурување не важи во Германија

Ако осигурувањето од татковината не е признаено, тој мора да се осигура во Германија. Кај законското задолжително осигурување, месечните трошоци на осигурувањето до наполнети триесет години или до завршен четврти семестар, изнесуваат околу 80 евра. После тоа, месечното осигурување изнесува најмалку 160 евра месечно.
Сите тие прашања кандидатот мора да ги реши пред доаѓањето во Германија, бидејќи и за запишување на факултет и за дозвола за престој му е потребна потврда за здравствено осигурување. И установите за здравствено осигурување во земјата од која доаѓа кандидатот и Академската канцеларија за странци со задоволство ќе дадат дополнителни совети.

Секојдневно читајте нови информации за студирањето во Германија. Најлесен начин да го сторите тоа е доколку ни се придружите на нашата Фејсбук страница или директно на нашата Интернет страница.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи