Зголемен ризик од напади во Нигерија
7 ноември 2011Реклама
Ќе биде пребарано секое место и виновниците ќе бидат фатени, изјави претставник на полицијата. Одговорноста за неколкуте напади врз згради и владини сили ја презеде исламистичката група „Боко Харам“. Нејзините членови самите се означуваат како нигериски талибанци.
Германското министерство за надворешни работи предупреди од зголемен ризик од напади. И амбасадата на САД во Нигерија предупреди од нови можни напади врз трите луксузни хотели во главниот град Абуџа, каде главно престојуваат странци.
Автор: ЖА/СН/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска