1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зајакнува оската Москва-Пекинг

Тим Шилинг / ЕМФ3 септември 2015

Историски знаменитости како Кремљ, но и поволниот курс на рубљата, го прават патувањето во Русија атрактивно за многу Кинези. Оската Москва-Пекинг зајакнува и политички.

https://p.dw.com/p/1GQ4G
Фотографија: Reuters/A. Nemenov

Кинезите ги полнат касите во Москва. Од ретко која друга земја доаѓаат толку многу туристи во Русија. Историските знаменитости, како Кремљ, но и поволната рубља го прават патувањето атрактивно за многу Кинези. Дел од кинеските туристи во Москва велат:

„Овде е многу убаво, зградите се извонредни“

„Овде сум заради мешавината на европска и азиска култура.“

„Може да плаќаме со наши пари, или во долари. За нас е многу евтино.“

Но, од Кина се влеваат пари не само од туризмот.

За време на последната посета на Пекинг, претседателот Путин склучи договор за транспорт на гас во Кина. Вредноста - 400 милијарди евра. Освен тоа, тој на Пекинг му продава нова техника за противвоздушна одбрана, а Москва и Кина сакаат заедно да градат и железница за брз транспорт.

Овде може да го погледнете видеото на оваа тема:

Зајакнува оската Москва-Пекинг

Но, ваквата тесна соработка со Кина е создадена и од нужда. Меѓународните санкции против Москва поради нејзината политика во Украина ја ставаат Русија под притисок. Руската економија е во криза.

Александер Габуев, од истражувачкиот центар Карнеги Москва, објаснува:

„За Русија е многу важно Путин да создаде нова оска на моќ. Кинезите, меѓутоа, на тоа гледаат многу попрагматично: тие така доаѓаат лесно до евтини суровини. Сепак, најважното во ова партнерство е сигналот до граѓаните дека Русија не е сама.“

Јасни сигнали од Путин беа испратени и за време на свеченостите по повод крајот на Втората светска војна пролетва. Тој на почесната трибина седеше рамо до рамо со кинескиот претседател Ши Џинпинг, додека многу западни премиери не дојдоа на церемонијата.

Денеска (3.09) возвратна посета на Пекинг, кој сега го одбележува крајот на војната. Путин веројатно повторно ќе се врати дома со нови договори. Но, кинеското стопанство покажува слабости. Руската елита, велат аналитичарите, стравува од неизвесна иднина.

Оттука, во моментов, од лукративната оска Пекинг-Москва профитира пред се‘ Кина.