1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засилено лобирање за влез во НАТО

12 февруари 2008

Паралелно со офанзивните дипломатски напори за добивање покана за членство во НАТО, во земјата кружат шпекулации- кој е планот на владата ако Грција сепак стави вето

https://p.dw.com/p/D6D2
Скопје во исчекување на самитот на АлијансатаФотографија: Petar Stojanovski

На меѓународен план Македонија презема засилени дипломатски мерки за земјата да добие покана за членство во НАТО на престојниот самит во Букурешт и да се претстави македонскиот став по однос на проблемот со името со Грција. Пред домашната јавност пак изминатиот викенд некои медиуми во земјата објавија контра мерки кои Македонија би ги презела во случај Грција да стави вето на покана за членство во НАТО

Политичката и експертската јавност во Македонија главно ги отфрлаат објавените контра мерки.