1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засилена контрола по атентатите во Норвешка

25 јули 2011

Европската комисија подготвува предлози за набљудување на продажбата на хемиски материјали, со кои е можно приготвување рачно изработени бомби, соопшти портпарол на комесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром.

https://p.dw.com/p/122zE
Фотографија: AP

Портпаролот Микеле Черконе прецизира дека веројатно ќе се предложи да се следат продажбите на опасните материјали (најчесто ѓубрива употребувани во земјоделие) над определени количества.

Друга идеја на комисијата е зголемување на контролата на трговијата со огнено оружје меѓу земји од ЕУ и држави надвор од заедницата.

Во врска со објавувањето на интернет на радикални и ксенофобични пораки, Черконе прецизира дека ЕК планира создавање на мрежа од групи за набљудување на ваквите појави. Тој забележа дека тоа е дел од стратегијата за обезбедување на внатрешната безбедност во ЕУ. Черконе овие податоци ги претстави како одговор на прашањата, поврзани со можните реакции на Брисел по атентатите во Норвешка.

Cecilia Malmström Asyl Flüchtlingspolitik
Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија МалмстромФотографија: dapd

Реагираат и соседите

Данска и Финска, шокирани од страотниот масакр во Норвешка, размислуваат за заострување на законодавството, во делот на поседувањето на оружје и купувањето на материјали погодни за правење експлозивни направи. Хелсинки веќе ја разгледува опцијата за натамошно заострување на

законодавството за поседување на оружје, кое според меѓународни стандарди важи за релативно либерално.

Истовремено данскиот министер за правда, Ларс Барфед најави построги правила врзани за купувањето на вештачко ѓубриво и друг материјал прикладен за правење на експлозиви.

Ваквата иницијатива уследи, откако Андерс Беринг Брејвик призна дека во бомбашкиот напад во Осло и во масакрот на островото Утоја во кои загинаа 93 лица, создал експлозив со помош на поголемо количество вештачко губриво.

Автор: СН/миа/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски