1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Замина „најголемиот на сите времиња“

СН/шн/дв4 јуни 2016

Боксерската легенда Мохамед Али почина на 74- годишна возраст. Човекот кој ја заслужува титулата суперхерој меѓу другото беше прогласен и за „Спортист на векот“ од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

https://p.dw.com/p/1J0TQ
Фотографија: picture-alliance/AFP

Боб Ганел портпаролот на боксерската легенда ја објави веста преку соопштение: по 32 години постојана борба против болеста Паркинсон Мухамед Али почина на возраст од 74 години. Поранешниот шампион во тешка категорија во четвртокот бил префрлен во клиника во градот Феникс во американската сојузна држава Аризона поради проблеми со дишењето.

Обожувателите ширум светот се простуваат од легендата, идолот, големиот дрдорко, кој беше не само спортска туку и политичка и историска личност.

Muhammad Ali
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Finck

Олимпискиот победник и шампион во тешка категорија, Мохамед Али, кој станал боксер затоа што некој на 12 години се обидел да му го украде велосипедот, во рингот и надвор од него како што постојано нагласуваше „леташе како пеперутка, но бодеше како пчела“ .

На почетокот на кариерата тој самиот себеси гласно се прогласуваше за „најдобар“. Денес стручњаците се согласни: ниту еден боксер во тешка категорија не удирал толку елегантно и не бил толку брз како Али во зенитот на кариерата.

Повеќе возбудливи фотографии од животот на Мохамед Али погледнете во следнава галерија: