Автобусите на ЈСП годишно поминуваат по околу 19 милиони километри. Голем дел од нив трошат и над 40 литри гориво на 100 км. Автобусите годишно трошат 7,6 милиони литри нафта и придонесуваат за загадувањето на воздухот. Но, жителите на Скопје наскоро ќе се возат со еколошки електричен автобус.