1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: лага е дека граѓаните ќе мора да учат албански

БГ
19 март 2018

Премиерот Заев денеска најави дека „лично ќе ги заштити“ децата на пратениците пред чии домови се протестира поради донесувањето на Законот за јазици. Лага е дека во граѓаните ќе мора да учат албански, вели тој.

https://p.dw.com/p/2uZiv
Mazedonien Proteste Namensstreit
Фотографија: picture-alliance/abaca/V. Abdul

Според премиерот Зоран Заев, со протестите пред домовите на пратениците се вршат неколку кривични дела, и тоа е недозволиво. Заев денеска најави дека тој лично ќе застане во одбрана на децата на пратениците пред чии домови се протестира.

„Јасно е кој стои зад протестите пред домовите на пратеници и како ги организира, но и кој прима пари за тоа“, рече Заев, но одби да го именува виновникот.

„Она што се прави пред домовите и пред дечињата на пратениците, пред членовите на нивните семејства и родители, е апсолутно недозволиво зашто е кршење на приватноста на домот, се упатуваат директни закани, омаловажување и целосно сеење страв и трепет кај дечињата. Јас лично ќе ги заштитам дечињата на пратениците“, рече Заев.

Тој уште апелираше да се дозволи стапување во сила на Законот за јазици, затоа што со него се гради општество во кое секој е рамноправен. Заев како „лаги“ ги оцени тврдењата дека во источна Македонија ќе мора да се учи албански јазик, или дека истото ќе мора да го прави администрацијата.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид