1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заборавените тинејџерки

Цвинк Жанет/Н.Д.11 јули 2016

Светската популација се зголемува на штета на здравјето на младите девојки. Во земјите во развој речиси секоја петта девојка станува мајка пред својот 18 роденден, што е во фокусот на Светскиот ден на популацијата

https://p.dw.com/p/1JN0k
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Kaze

Секоја секунда популацијата на Земјата се зголемува за 2,6 жители. Моментално во светот живеат околку 7,4 милијарди луѓе, а според проценките на Фондот на ОН за популација (UNFPA) за 15 години таа бројка ќе достигне 8,5 милијарди, во 2100 година речиси 11,2 милијарди.

Подобрени услови за живот за жените и девојките би можеле тоа да го променат. Поради тоа, денешниот Светски ден на популацијата е посветен на младите жени и девојки. „Вложување во младите девојки“ (Investing in teenage girls) гласи мотото кое го преземаа голем број хуманитарни организации, затоа што во подобрувањето на перспективите за младите девојки тие гледаат еден од најважните фактори против пренаселеноста на Земјата. Со одбележувањето на Светскиот ден на популацијата, ООН од 1989 година настојува да укаже на проблемите поврзани со големиот раст на популацијата и да ги зајакне правата на мајките по основ на здравствената заштита.

Infografik Wenn Mädchen Mütter werden Deutsch
Инфографика - кога девојките стануваат млади мајки

Милиони млади девојки се соочуваат со несакана бременост

Брзиот раст на популацијата во земјите во развој меѓудругото се должи и на несаканата бременост. „Секоја година во земјите во развој околку 74 милиони девојки и жени се соочувааат со несакана бременост, пред сè поради тоа што не се информирани за контрацепција и затоа што не се рамноправни“ вели Ренате Бер, директорка на Фондацијата за светската популација со седиште во Хановер.

Според нејзините наоди, повеќе од 220 милиони жени и девојки немаат можност да користат контрацепција, иако би сакале. Главните причини за тоа, додава таа, се недостатокот на рамноправност, образовни можности, сексуално образование, како и недостаток на средства за контрацепција. Една од последиците на таквата состојба е високиот процент на бременост во малолетна возраст. Во Нигер на пример, бројот на трудници на возраст од 16 до 19 години, е непроменет од 1960 година. Во оваа земја, од 1000 девојки, 205 раѓаат додека се малолетни. Во Сомалија бројот на малолетни трудници во просек е зголемен.

Symbolbild HIV Prävention Aufklärung Sexualerziehung
Контрацепцијата во многу земји уште е табуФотографија: Getty Images/AFP/S. Maina

Планирање на семејството? Тоа го нема!

„Младите девојки често не се доволно физички развиени за да можат да преживеат бременост без компликации“, објаснува Леони Мисиг од Фондацијата за светска популација. Поради тоа, компликациите за време на бременоста и породувањето во земјите во развој се втора најчеста причина за смрт кај девојките на возраст помеѓу 15 и 19 години. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека и мали разлики во просечниот број на деца што би ги родила една жена, можат да имаат значително влијание врз развојот на светската популација. Ако се очекува просечниот број на родени деца по жена до 2100 остане на денешното ниво од 2,5 тогаш светската популација на прагот на наредниот век ќе порасне на 26 милијарди.

Меѓутоа според друга, средна варијанта на пресметување од која тргнувааат Обединетите наци, а која подразбира дека до 2100 просечниот број на деца по жена ќе опадне на 2, тогаш светската популација би требало во тие години да изнесува 11,2 милијарди луѓе. Доколку статистиката забележи 1,5 дете по жена, во 2100 година на светот би живееле околу 7,3 милијарди луѓе.

Поради тоа експертите сметаат дека вложувањето во образованието и информирањето за сексуалното здравје и контрацепција се од исклучителна важност. „Образованите девојки и жени подобро ги користат своите права на самоопределување и слободно планирање на семејството“, објаснува Леони Мисиг и додава: „Доколку покрај тоа се подобрат и здравствените услови, сè повеќе деца ќе преживеат, што автоматски ќе придонесе родителите да се одлучат да имаат помалку деца“.