За нас
10 септември 2014Покрај интернет понудата и присуството со свои прилози на социјалните мрежи, секојдневно адаптираме и видео прилози од понудата на ДВ ТВ.
Во ТВ магазинот на Дојче веле, „Европа во фокусот“ ги анализираме случувањата во Европа на политички, стопански, социјален и културен план. Нашите репортери истражуваат како живеат Европејците, како размислуваат и какво влијание имаат врз континентот и врз ЕУ. Истовремено, бараме одговор на прашањето во кој правец се движи Европа, а ја следиме и европската интеграција на Западен Балкан, дипломатските напори во решавањето на споровите и проблемите кои го мачат големото европско семејство. Почувствувајте го со нас пулсот на стариот континент!
ТВ - Магазинот „Европа во фокусот“ премиерно се емитува во недела на програмата на ТВ Алфа во Македонија. Телевизискиот магазин, се разбира, можете да го најдете и погледате и на нашата интернет-страница www.dw.de/macedonian