1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За европската перспектива на ЈИЕ треба да се разговара и пред одржувањето на Минхенската конференција

16 септември 2009

По Волфганг Ишингер, македонскиот претседатeл Иванов се сретна со парламентарецот Валтер Колбо. На маса се најдоа темите: ЕУ, НАТО членство и подигање на дискусијата за спорот околу името на повисоко меѓународно ниво.

https://p.dw.com/p/JhN9
Валтер Колбо не исклучува и санкции доколку Грција не го омекне својот став и го отежне развојот на Европа Валтер Колбо не ги исклучува и санкциите!Фотографија: DW

"Разговаравме околу оперативните можности како да се организира процесот кој може да доведе до посакуваниот успех. Тука треба да се поттикнат иницијативи од Европскиот и националните парламенти за да се омекне грчкиот отпор. Рака на срце, навистина се‘ уште немаме функционален Европски парламент, потоа претседателот на Европската комисија не е потврден, ќе биде ли Барозо или не, престојат и парламентарни избори во Германија и кон крајот на октомври, или почетокот на ноември и формирање на влада. Затоа е важно во 2010 година да се оди во решавачкиот процес кој ќе води кон успех, а тоа значи членство на Македонија во ЕУ и НАТО ”, изјави социјалдемократот Валтер Колбо за Дојче веле, коментирајки ја и иницијативата на Волфганг Ишингер проблемот на Македонија со името да се најде на дневен ред и на Минхенската конференција за безбедност и соработка.

"Мислам дека за оваа тема не треба да се чека да се проговори дури во февруари, на Минхенската конференција, иако тоа е добро место за дебата. За Југоисточна Европа треба да се дебатира и порано. Оваа тема мора да се стави во средиштето ,зашто станува збор за иднината на Европа. Ние се‘ уште сме присутни со војници во Босна и Херцеговина, на Косово... На југоисточните земји им треба европска перспектива за Европа да може да се развива како континент на мирот и да се обезбеди развој и благосостојба на луѓето во нивните држави. На патот на ова стои Грција со една многу тврда позиција, која мора да се премости! Сега Грција е во ситуација во која не само што стои на патот на европското обединување, туку и нејзе и‘ е потребно нешто од Европа. Грција е во тешка економска ситуација. Потребна и‘ е поддршката од Светската банка и од Меѓународниот монетарен фонд за сопствената ликвидност како држава. Во оваа смисла, ќе се бара солидарноста на Грција за европскиот развој. Ако Грција не е кооперативна, тогаш мора да се размислува и за санкции!

Ишингер: Минхенската конференција треба да се занимава со проблемот со името

Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, вчера по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Берлин, изјави: „Конференцијата за безбедност од Минхен има за цел да ги разгледа проблемите како на европската, така и на трансатлантската безбедност и да се потруди да изнајде решенија за проблемите кои се отворени. Во групата се‘ уште нерешени прашања за безбедноста на Европа се вбројуваат и оние од регионот на Југоисточна Европа, статусот и името на Македонија. Затоа, сметам дека е важно и дека е и моја задача, Минхенската конференција да се позанимава со прашањето како може да придонесе за решавање на спорот. Секогаш е подобро да се разговара за проблемот, отколку да не се разговара. Не можам да ветам дека Минхенската конференција ќе го реши проблемот. Но сметам, дека е значајно да понудиме форма за дискусија, за предлозите кои веќе беа понудени, но и за компромисите кои се на маса. Тоа е она што можам и што ќе го понудам!

Wolfgang Ischinger bei Kosovo-Gesprächen in Wien
Волфганг ИшингерФотографија: AP

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска