1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ повторно бара повлекување на руските војници од Грузија

6 септември 2008

Европските министри за надворешни работи во Авињон одново побараа Русија да ги повлече трупите од Грузија. Европските 27мина се заложија и за независна истрага на конфликтот.

https://p.dw.com/p/FCaZ
Домаќинот Бернар Кушнер во АвињонФотографија: AP

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на состанокот во Авињон повторно побараа повлекување на руските трупи од централната територија на Грузија. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер истакна „Европејците се одлучни да се заложат за сега кршливото примирје да се стабилизира на долгоречен план“. Германија и други европски држави се залагаат за тоа да има независна истрага за конфликтот меѓу Грузија и Русија. Шеф дипломатот Штајнамер го повтори и неговиот предлог да се формира Пакт за стабилност за целиот регион. Сличен концепт за стабилност на Балканот донесе успех, подвлече министерот.

Францускиот претседател и претседавач со ЕУ Никола Сaркози во понеделник ќе патува во Москва, каде ќе се заложи за примена на договорот од шест точки.

Вчера министрите на ЕУ на неформалната средба во Авињон разговараа за односите со САД и улогата на Европа во светската политика. Тие ја изразија и намерата Европа да се етаблира како рамноправен партнер на СAД во светската политика.