1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Одлуките на Уставен не смеат да бидат против реформите

БГ10 март 2016

Европската комисија денеска реагираше на најавите од Уставниот суд кој презема иницијатива за помилување на лицата кои учествувале во изборни нерегуларности.

https://p.dw.com/p/1IAPU
Фотографија: Petr Stojanovski

Процедуралните чекори кои ги презема Уставниот суд на Македонија се во спротивност со реформскиот процес и напорите на меѓународната заедница за создавање услови за кредибилни избори, вели портпаролот на европскиот комесар за проширување Маја Коцијанчиќ.

„Во однос на влијанието кое (чекорите на Уставниот суд) можат да го имаат врз парламентарните избори, согласно договорот од Пржино, тие се предвидени како клучни чекори во реформскиот процес кој треба да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и да ја извлечат земјата од политичката криза.

Секој потег кој е спротивен на ова мора да се избегне. Секоја сугестија за неказнивост во однос на изборни прекршоци ќе биде во спротивност со напорите инвестирани од земјата и од меѓународната заедница во насока на создавање на услови за кредибилни избори и обид да се врати довербата на граѓаните во изборниот процес.

Таквов потег би бил во спротивност со одлуката на парламентот и на сите политички партии за формирање на Специјално обвинителство кое треба да ги истражи сомнежите, вклучително и нарушувањата во однос на минатите избори“, се наведува во изјавата на Коцијанчич.