1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се исушат изворите на пари на терористите

Бернд Ригерт/сн9 декември 2015

Франција по терористичките напади во Париз бара солидарност и ја добива. Министрите за финансии на ЕУ планираат засилени контроли на платниот промет во Европа за да ги пронајде терористичките ќелии.

https://p.dw.com/p/1HJeV
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Warnecke

Посебно францускиот министер за финансии Мишел Сапан бара забрзување. По најновите терористички напади во Париз сите земји од Европа мора да ги спроведат мерките кои се неопходни за да може да се постапува против финансиерите на терористичката закана , побара Сапан на средбата со своите колеги по функција во Брисел. „Тоа денес е приоритет над приоритетите. Ја охрабруваме Европската комисија да се погрижи досега донесените закони во земјите-членки побрзо да стапат во сила и да бидат применети“,порача Сапан. Уште по нападите врз редакцијата на „Шарли Ебдо“ и еврејскиот супермаркет во Париз во јануари, ЕУ во мај усвои заострен закан против перењето пари.

Теориристите не чекаат

Земјите-членки во суштина имаат време до средината на 2017 година , овој закон да го преточат во националните законодавства. Сега тоа мора да се одвива побрзо, апелираше германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. „ Терористите нема да ни ја направат таа услуга , да чекаат толку долго“, порача Шојбле. 28-те министри за финансии од ЕУ освен тоа ѝ дадоа налог на Европската Комисија да предложи цел каталог мерки за надзор и контриола за да се исушат финансиските извори на терористичките ќелии во Европа. За напади како оние во Париз, според мислењето на многу експерти на терористите не им се потребни преголеми финансии. Дали воопшто постоеле врски со терористичката организација ИД во Сирија за да се финансира патувањето, оружјето и возилата сѐ уште е нејасно. денес меѓутоа се знае дека еден од атентаторите од јануарските напади земал нормален мал кредит во неговата банка за да купи калашников.

Treffen der Eurogruppen Finanzminister Michel Sapin
Францускиот министер за финансии Мишел СапанФотографија: Reuters/Y.Herman

Во фокусот: припејд платежни картички, бит-коинс и готовината

За да можат да се откријат такви мали финансиски трансакции по можност пред некој планиран напад, мора да се пронајде подобар систем за надзор на внатреевропскиот платен промет. Германскиот министер Шојбле навести дека електронскиот систем за уплати „СЕПА“ во ЕУ треба да биде развиен во систем за надзор. Покрај тоа секоја земја ќе мора да воспостави финансиско одделение во тајните служби , кое ќе испраќа предупредувања до полициските служби. Шојбле меѓутоа истакна дека ЕУ сама нема можност да се справи со глобалното финансирање на терористичката организација Исламска држава. Но затоа министрите за финансии на ЕУ можат да се погрижат за подобри контроли на сите платни системи , кои не се одвиваат преку преку класичните банки: „Ние пред сѐ мораме да се погрижиме за тоа, како се финансира оваа можна потенцијална терористичка сцена во Европа“ Тоа се прави со многу помали износи, со припејд платежни картички и готовина“, истакна Шојбле.

Според сознанијата на ЕУ кон сето тоа се вбројуваат и вештачките валути, со кои се тргува на интернет, како на пример биткоинс. Според мислењето на експертите ИД би можела да се користи и со нив. Има извештаи во американските стручни списанија, според кои ИД би можела да издаде сопствена валута која се потпира на златото. Затоа е неопходно подобро да се контролира и прометот на благородни метали, изјави францускиот министер Сапан. Трансферите на готовина истотака ќе бидат засилено контролирани. Досега не постоеше обврска за пријавување на пренесување преку граница на пари во готово до 10 илјади евра. Сега овој износ би требало да биде намален, но не се знае колку тој ќе изнесува во иднина. Освен тоа во иднина цариниците и полицијата ќе смеат да извршуваат контроли на тоа колку гововина има некое лице со себе и во внатрешноста на земјата. Тоа меѓутоа не значи дека цариниците на секоја ќоше ќе можат секому да му погледнат во паричникот, потенцираше Шојбле.

US-Regierung versteigert Bitcoins in Millionenhöhe
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Сето може да потрае“

Уште еден проблем според дипломатите во Брисел е финансирањето на терористите преку донации на наводни добротворни организации. Ваквиот „крауд-фандинг“ е тешко да се контролира. Во Германија веќе беше осудена банда од ситни криминалци, која својот „плен“ и го префрлала на т.н „Исламска држава“.

Министрите за финансии на земјите од ЕУ со своите заклучоци донесени по желба на Франција, сакаа да покажат дека можат да дејствуваат солидарно и брзо. Меѓутоа австрискиот министер за финансии Ханс-Јерг Шелинг беше претпазлив во однос на преголеми очекувања: „Спроведувањето во логистичка смисла ќе биде тешко, зашто мора да се променат различни законски правила , кои постојат денес. Колку што го познавам постапувањето тука во Брисел, тоа ќе потрае некое време.“ Со други зборови ова значи дека ќе поминат повеќе години пред новите одредби навистина да почнат да го покажуваат своето дејство.