1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Грција мора да биде спасена

24 јуни 2011

Европејците и‘ нудат на високозадолжената Грција нова помош од десетици милијарди евра, за земјата да избегне државен банкрот. Но, грчкиот парламент мора да ги одобри мерките за штедење во земјата.

https://p.dw.com/p/11iXR
Жозе Мануел Баросо и Херман ван РомпојФотографија: dapd

Протестите во Атина вродија со плод. Шефовите на држави и влади на ЕУ ја искористија можноста и во еден дел од соопштението од самитот синоќа во Брисел директно му се обратија на грчкиот народ. Европските челници согледале дека мерките за штедење го ставаат грчкиот народ пред нови предизвици, но жртвите се неопходни за стабилноста на земјата. Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој од своја страна истакна дека станува збор за тежок момент, меѓутоа без намалување на долговите, земјата нема перспектива.

Нова финансиска помош

Но, пароли да се издржи одамна не се доволни, затоа Брисел на повидок става нова финансиска помош, за да се поттикне реструктуирањето на економијата и да се отворат нови работни места. Претседателот на Комсијата на ЕУ Жозе Мануел Баросо меѓутоа нагласи дека структурните реформи и приватизацијата се неизбежи, но треба да биде поттикнат и економскиот пораст.

EU-Ratspräsident Van Rompuy beim EU-Gipfel am 23.6.2011
Херман ван РомпојФотографија: dapd

ЕК има намера да стави на располагање речиси една милијарда евра и за проекти за модернизација, средства кои ќе ги надгледуваат експерти во Брисел, за тие да бидат наменски искористени.

На потег е грчкиот парламент

Нo најпрво, грчкиот парламент треба да го усвои пакетот за штедење во висина од 28 милијарди евра, предуслов за исплаќање на наредната кредитна транша од 12 милијарди евра за Грција.

Освен ова европските партнери најавија нов пакет за помош за Атина. За разлика од првиот пакет, Велика Британија и други земји кои не се дел од Еврогрупата овојпат нема да учествуваат во помошта. Грчката влада треба да добие кридити во висина до 120 милијарди евра. Еден дел од нив, поддржан и од банките и осигурителни компании, односно приватниот сектор.

George Papandreou EU Gipfel NO FLASH
Челниците на ЕУ во БриселФотографија: dapd

„Ова треба да се случи во форма на нефомално и доброволно продолжување на кредитните линии“, појасни претседателот на Советот на ЕУ ван Ромпој.

Само на овој начин, сметаат експертите, може да биде избегнато Грција да биде рангирана како платежно неспособна, што би имало несогледливи последици за банкарскиот сектор во цела Европа.

Шефовите на држави и влади ја искористија можноста уште еднаш да апелираат до грчката опозиција, да го поддржи курсот на штедење на владата. Досега меѓутоа, конзервативците во Грција остануваат на својот став, против пакетот за штедење.

Автор: Петер Хајлбрунер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема